Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: За пет месеци реализација на капитални расходи од 38,5 отсто – кај дел од министерствата „лазечко“ темпо
    Македонија

    АНАЛИЗА: За пет месеци реализација на капитални расходи од 38,5 отсто – кај дел од министерствата „лазечко“ темпо

    16/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За пет месеци реализацијата на капиталните расходи изнесува 38,35 отсто – покажуваат најновите податоци од Министерството за финансии. Токму кај Министерството за финансии-функции на држава, од каде се „инјектираат“ пари за јавни инвестиции на централно и на локално ниво, остварувањето изнесува симболични 6,36 отсто, пишува Порталб. Дел од ресорите со повисоки буџети за капитални инвестиции не реализираа ниту една третина од планот, додека пак неколку министерства прикажаа остварување повисоко од 50 отсто, пренесува Порталб.

    „Рангирање“ – кои ресори колку пари потрошија за капитални расходи

    Министерството за финансии од каде што се инјектираат пари за капитални расходи и на централно но и на локално ниво, на крајот од мај прикажува реализација од незначителни само 6,36 отсто од планираните средства на годишно ниво. Конкретно овој ресор, според сегашните буџетски планови, по основ на капитални расходи располага со 37.820.000 евра а од нив , за пет месеци се потрошени само 2.405.066 евра. Министерството за култура пак за пет месеци испорачало реализација на капиталните расходи од 9,7 отсто.

    Фото: Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Министерството за одбрана кое според сегашниот Буџет има на располагање скоро 150.000.000 евра за капитални расходи , на крајот од мај реализирало само 25,43 отсто од годишниот план или 37.655.000 евра. Министерството за внатрешни работи за пет месеци по основ на капитални инвестиции потрошило 10.203.000 евра што претставува реализација од 39,06 отсто. И Министерството за животна средина кое годинава, според сегашниот буџетски план, доби дури 67.600.000 евра, на крајот од мај потрошило само 16.581.000 или 24,53 отсто од планираните средствата.

    Фото: Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Во групата ресори кои за пет месеци успеале да реализираат околу една третина или помалку од годишниот план за капитални инвестиции се Министерството за правда со 20,62 отсто и МНР со 10,76 отсто. Во оваа група се и два ресори со повисоки износи за капитални расходи: Министерството за образование кое доби на располагање 36.500.000 евра, на крајот на мај испорачало реализација од 30,03 отсто и Министерството за здравство кое од вкупниот буџет во износ од 6.666.000 евра, потрошило 31,56 отсто.

    Повеќе од 50 отсто реализација испорачаа неколку ресори, меѓу кои и такви кои менаџираат инфраструктурни проекти. Министерството за транспорт од вкупните капитални расходи во износ од скоро 200.000.000 евра, за пет месеци потрошило 132.769.838 евра или остварување од 67 отсто во однос на  годишниот план.  Реализацијата на капиталните расходи во Министерството за земјоделство изнесува 55,83 отсто, а скоро 50 отсто остварување испорачало и Министерството за социјална политика и демографија, со потрошени 3.155.000 евра. Министерството за спорт реализирало 58,6 отсто од капиталните расходи, а Министерството за јавна администрација 85,85 отсто.

    Дел од институциите на државно ниво за пет месеци имаа незначителен резултат во реализација на капиталните расходи. Така, Собранието на РСМ испорачало остварување од само 3,36 отсто иако на располагање има околу 4.200.000 евра за оваа намена. Одредени агенции и дирекции за првите пет месеци не потрошиле ниту денар од годишната сума планирана за капитални инвестиции. 

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

    Previous ArticleДимитровски: Се соочуваме со дезинформации и хибридни закани од медиуми поврзани со источниот сосед
    Next Article Спречен увоз на речиси 24 тони замрзнато пилешко месо од Бразил поради ширење за птичји грип

    Поврзани вести

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    24/06/2026

    Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.