Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Детали, кој му овозможи на Уставниот суд да ги укине имињата на улиците и плоштадите во Тетово?

    Одбојкарите одат по исполнување на планот: Против Косово денеска за трета победа

    Минчев: Македонија мора да оди во ЕУ, но не по цена на идентитетот, јазикот и историјата

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Загадениот воздух, топлотните бранови и сушите, најголема закана за децата во земјава
    Македонија

    Загадениот воздух, топлотните бранови и сушите, најголема закана за децата во земјава

    16/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Загадениот воздух, топлотните бранови и сушите се најголемите климатски закани за децата во Македонија, покажува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ. Промените кои се последица на климатските промени веќе предизвикуваат ризици за здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши (73 проценти), речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови (87 проценти) и речиси сите деца (99,9 проценти) се изложени на штетно загадување на воздухот.

    „Децата во С. Македонија растат во клима која се менува, каде што екстремната топлина, сушите и загадениот воздух, за жал, се дел од секојдневниот живот. Земјата има воведено важни мерки за заштита на децата, но климатските притисоци растат и нивното штетно влијание врз детското здравје, образование и благосостојба треба итно да се намали, “ рече Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.

    Во извештајот се истакнува дека поголемиот дел деца во Македонија се изложени на повеќе климатски закани истовремено, со што се зголемува ризикот од повеќекратна штета по нивното здравје, учење и целокупен развој. И покрај напорите за намалување на ранливоста на децата, во системот и понатаму има недостатоци, особено во опфатот со социјална заштита, па така децата од најзагрозените семејства се во најголем ризик од климатски шокови.

    „УНИЦЕФ повикува на итна климатска акција во Северна Македонија што ќе се фокусира на децата, бидејќи тиеа се несразмерно поранливи на климатски ризици и затоа мора да им се даде приоритет во политиките за справување со климатските промени. Потребни се континуирани активности за дополнително да се намалат штетните емисии и да се реши загадувањето на воздухот, да се зајакнат здравствените, образовните и системите за социјална заштита и нивната отпорност на климатски шокови, а децата и младите да се охрабрат и да се подготват за учество во решавањето на климатската криза и во процесите на донесување одлуки што ја обликуваат нивната иднина, рече Милер.

    Previous Article(Фото/Видео) Меланија Трамп никогаш не била толку секси, а носеше „едноставен мал црн фустан“
    Next Article „Скопје Синема Сити“ се враќа со омаж на Мајлс Дејвис и филмови за музичките револуционери

    Поврзани вести

    Детали, кој му овозможи на Уставниот суд да ги укине имињата на улиците и плоштадите во Тетово?

    19/06/2026

    Загрижувачки податоци: во 64 училишта регистрирани 93 случаи на врсничко насилство, децата агресијата ја носат од дома

    18/06/2026

    Петмина добија кривични пријави за тероризам поврзан со Исламска држава

    17/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Детали, кој му овозможи на Уставниот суд да ги укине имињата на улиците и плоштадите во Тетово?

    Одбојкарите одат по исполнување на планот: Против Косово денеска за трета победа

    Минчев: Македонија мора да оди во ЕУ, но не по цена на идентитетот, јазикот и историјата

    Три хороскопски знаци очекуваат „море од пари“ и голем успех

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.