Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Општински вести»Потпишан договор за изградба на атмосферска канализација во Пехчево – следува и целосна реконструкција на улиците
    Општински вести

    Потпишан договор за изградба на атмосферска канализација во Пехчево – следува и целосна реконструкција на улиците

    18/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денес, градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, го потпиша договорот за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“во Пехчево, со што започнува решавањето на еден долгогодишен инфраструктурен предизвик за жителите на овој дел од градот.
    Проектот претставува значајна инвестиција во подобрување на водната инфраструктура и заштитата на животната средина, а неговата реализација ќе придонесе за поефикасно одведување на атмосферските води, поголема безбедност и поквалитетни услови за живот на граѓаните.
    На работна посета денес во Пехчево беше и заменик министерката за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија, Ане Лашковска, која со своето присуство ја потенцираше важноста на вложувањата во животната средина и одржливиот развој. Во рамки на посетата на Пехчево, таа го посети и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, кој претставува значаен капацитет за едукација и подигнување на јавната свест за заштитата на природните ресурси.
    Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Владата на Република Македонија преку Програмата за подобрување на водната инфраструктура на општините, со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
    Градоначалникот Александар Китански изрази благодарност до Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за животна средина и просторно планирање и министерот Муамет Хоџа за, како што истакна, безрезервната поддршка што ја добива Општина Пехчево во реализацијата на капиталните проекти.
    „Ова е уште една потврда дека кога постои соработка помеѓу локалната и централната власт, резултатите се видливи и во интерес на граѓаните. Изградбата на атмосферската канализација ќе реши долгогодишен проблем за жителите на овие улици и ќе придонесе за подобрување на инфраструктурата и заштита на животната средина. Искрено им благодарам на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски, како и на Министерството за животна средина и министерот Муамет Хоџа за поддршката што континуирано ја добива Општина Пехчево“, изјави градоначалникот Китански.
    Заменик министерката Ане Лашковска нагласи дека инвестициите во водната инфраструктура се инвестиции во здравјето, безбедноста и иднината на локалните заедници.
    „Грижата за животната средина започнува со конкретни дела и вложувања во инфраструктура која обезбедува подобри услови за живот на граѓаните. Владата и Министерството остануваат посветени на поддршка на општините во реализацијата на проекти што придонесуваат за одржлив развој и заштита на природните ресурси. Посетата на Едукативниот центар во Негрево дополнително потврдува дека едукацијата и подигнувањето на свеста се подеднакво важни во создавањето одговорен однос кон природата“, истакна Лашковска.
    Од Општина Пехчево најавуваат дека по завршувањето на изградбата на атмосферската канализација, во наредниот период ќе започне и целосна реконструкција на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“во Пехчево, со што жителите ќе добијат современо и комплетно уредено инфраструктурно решение. На овој начин, локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и создавање подобри услови за сите граѓани на Пехчево.

    Галерија.

    Previous ArticleЗагрижувачки податоци: во 64 училишта регистрирани 93 случаи на врсничко насилство, децата агресијата ја носат од дома
    Next Article Минчев уверува дека министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

    Поврзани вести

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.