Пред Светското првенство многу навивачи се плашеа дека натпреварите често ќе бидат прекинати поради невреме.
ФИФА претходно одлучи секој натпревар од првенството да биде во прекин на половина час доколку удри гром во радиус од 13 километри околу стадионот.
Во тој случај, на пауза од 30 минути, громот не треба да се слушне ниту еднаш за да може играта да продолжи. Во спротивно би следел уште еден получасовен прекин.
Досега организаторот имаше среќа и ниту еден натпревар не беше прекинат поради оваа причина, но ваквото сценарио му се заканува на натпреварот меѓу Франција и Ирак кој се игра денеска.
