Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Почина поранешниот главен инспектор на ДЗС кој беше обвинет за трагедијата во Кочани
    Македонија

    Почина поранешниот главен инспектор на ДЗС кој беше обвинет за трагедијата во Кочани

    19/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Починал Љупчо Грнчиштаров, кој со години беше главен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, а беше еден од обвинетите за трагедијата во Кочани која загинаа 63 млади луѓе, над 200 беа повредени.

    Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека се известени за случајот и дека обвинетиот починал откако му се слошило дур бил во куќен притвор. Оттаму додаваат дека Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

    „Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“, информираа од Јавното обвинителство на прашања од медиумите.

    Тој беше обвинет во големиот предмет што се води против 35 обвинети, меѓу кои и функционери во државни институции и три фирми, а сите се товарат за исто кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

    Грнчиштаров имал 54 години, а ја извршувал функцијата генерален инспектор во ДЗС до 2013 до кобниот 16 март 2025 година, кога се случи трагедијата. На судските рочишта тој ниту еднаш не се пожали на својата здравствена положба, а последно бил во куќен притвор.

    Минатата година во октомври, уште пред да има обвинение, почина еден од осомничените полицајци за пожарот во „Пулс“, Владо Петров. Тој како пензиониран полициски службеник беше осомничен дека додека бил главен инспектор за сообраќајни работи потпишал документ за паркинг-просторот пред т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

    Од неговото семејство за телевизија Телма потврдиле дека нему синоќа му се слошило по што биле пренесен во Клиничкиот центар, каде му била дадена инфузија, но не бил задржан на лекување. Според информациите од семејството за телевизијата, тој починал утринава.

    За трагедијата во тек се три судски процеси, еден во кој се обвинети над 30 лица, сите за исто кривично дело, а другите судски процеси се за обвинетите полицајци.

    Previous ArticleПартијата за движење на Турците бара повторна расправа за предлог-законот за правична застапеност
    Next Article Откажана најавената блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија

    Поврзани вести

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    13/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.