Општина Пехчево беше домаќин на претставници на Асоцијацијата на воени аташеа на САД, Романија, Кина, Турција, Унгарија, Србија, Бугарија, Грција и Украина во Република Македонија, кои престојуваа во работна посета со цел поблиску да се запознаат со природните, туристичките и развојните потенцијали на општината.
Во рамки на посетата, градоначалникот Александар Китански ги запозна високите гости со можностите што ги нуди Пехчево за развој на туризмот, инвестициите, локалната економија и прекуграничната соработка. Посебен акцент беше ставен на богатото природно наследство, чистата животна средина, планинските предели и туристичките локалитети кои ја прават општината препознатлива дестинација во источниот дел на државата.
Претставниците на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија имаа можност да се запознаат и посетат дел од најзначајните знаменитости и туристички атракции во општината, при што се запознаа и со активностите што локалната самоуправа ги презема за унапредување на туристичката понуда и подобрување на условите за економски развој.
Градоначалникот Александар Китански истакна дека ваквите посети се од особено значење за промоција на Пехчево на меѓународно ниво и за воспоставување нови контакти и партнерства.
„За нас претставува чест што имавме можност да бидеме домаќини на претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија. Ова е можност да ги претставиме природните убавини, туристичките капацитети и развојните потенцијали на Пехчево пред претставници на меѓународната заедница. Веруваме дека ваквите средби придонесуваат за продлабочување на соработката и отворање нови можности за развој на нашата општина“, изјави Китански.
Од Општина Пехчево посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон промоција на локалните потенцијали, привлекување нови инвестиции и јакнење на меѓународната соработка, со цел обезбедување одржлив економски и туристички развој.
Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево
2 Mins Read
Previous ArticleЃорѓе Стојчев се враќа на клупата на Брера
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
