Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Потврдени првите девет пресметки од 1/16-финалето на Мундијалот

    Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

    Еко-активисти бараат итна заштита на Кожуф, Дошница и на биодиверзитетот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
    Свет

    Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

    27/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Според раководителот на швајцарската служба за мониторинг на глечери (Glamos), глечерите во Швајцарија ќе изгубат огромно количество мраз поради топлотниот бран што ја зафати Европа, пренеесува „Гардијан“. 

    Како што е објавено, се очекува снегот и мразот што се наталожиле на швајцарските глечери во текот на изминатата зима, целосно да се стопат до понеделник. Тоа ќе биде пресвртна точка по која секое понатамошно топење до октомври, ќе значи директно намалување на големината на глечерите во швајцарските Алпи.

    Во податоците што се водат од 2000 година наваму, единствениот случај кога оваа точка била достигната порано бил во 2022 година, на 26 јуни. Оваа загрижувачка состојба е резултат на сегашниот топлотен бран, како и на оној во мај, а сето тоа следува по уште една зима со недоволно снежни врнежи.

    „Во моментов гледаме огромно топење на снегот и мразот низ целите Алпи“, изјави во петокот за AFP директорот на мрежата „Гламос“, Матијас Хус, додека повеќе метеоролошки станици во Швајцарија бележат нови рекордно високи температури.

    Во текот на овој век, оваа пресвртна точка во просек била достигнувана во средината на август, што е лоша вест за швајцарските глечери, кои се намалуваат со запрепастувачка брзина.

    Голем дел од водата што се влева во реките Рајна и Рона, две од најважните европски реки, потекнува токму од алпските глечери.

    Хус рече дека штотуку се вратил од глечерот Рона и дека за само десет дена од неговата претходна посета еден метар мраз се стопил во вертикална насока.

    „Навистина е впечатливо да се види, а ова е само последица од топлотниот бран. Колку повеќе денови со многу високи температури ќе има, без разлика дали станува збор за 35°C или 40°C, тоа е многу лошо за глечерите“, изјави тој.

    Previous ArticleЕко-активисти бараат итна заштита на Кожуф, Дошница и на биодиверзитетот
    Next Article Потврдени првите девет пресметки од 1/16-финалето на Мундијалот

    Поврзани вести

    Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

    26/06/2026

    Европската Унија отвори можност за креирање на дигитално евро, како одговор на доминацијата на платежните картички

    24/06/2026

    Кој е Енди Бернам, човекот од народот, кој веројатно ќе биде следниот премиер на Велика Британија?

    23/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Потврдени првите девет пресметки од 1/16-финалето на Мундијалот

    Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

    Еко-активисти бараат итна заштита на Кожуф, Дошница и на биодиверзитетот

    МНР на Бугарија сепак ќе проверува како нотата за патувањето на семејството на Мицкоски излегла во јавноста

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.