„Околностите како нотата станала достапна во јавност надвор од утврдените институционални канали сè уште се разјаснуваат и дека во таа насока е наредена проверка за да се утврдат сите факти поврзани со случајот. Како што веќе наведовме, нотата дистрибуирана во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Околностите околу случајот сè уште се разјаснуваат. Наредено е вршење проверка за утврдување на сите факти поврзани со обработката на нотата во рамките на Министерството за надворешни работи“, изјавија од бугарското МНР за државната агенција – БТА.
Софија пред три дена најпрво негираше дипломатската нота протекла од бугарското МНР, дека станува за настан од јануари годинава и затоа објавувањето на нотата на македонското МНР за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски во Пампорово не не може да биде основа за заклучоци дека постои непосредна закана по нивната безбедност.
По првото соопштение на бугарското МНР шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски рече дека најмалку што очекувал од официјална Софија е осуда за објавувањето на дипломатската нота, притоа правејќи паралела со начинот на кој македонското МНР и институциите во земјава дејствувале и веднаш го осудиле палењето на двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје што се случи неодамна.
