Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Падот на цените на храната и транспортот придонесе за дефлација од 0,5 отсто во месец јуни
    Македонија

    Падот на цените на храната и транспортот придонесе за дефлација од 0,5 отсто во месец јуни

    07/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Трошоците на животот во Македонија во јуни годинава се намалени за 0,5 отсто во споредба со мај, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Намалувањето на индексот на трошоците на животот претставува месечна дефлација, при што најголем пад е забележан кај транспортот и храната.

    Според статистичките податоци, трошоците за транспорт се намалени за 1,6 отсто, додека храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 1,1 отсто во однос на претходниот месец.

    Истовремено, зголемување на трошоците на животот е регистрирано кај рекреацијата, спортот и културата, каде цените пораснале за 1,4 отсто. Следуваат личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги со раст од 0,5 отсто, како и покуќнината, опремата за домаќинствата, редовното одржување на домаќинствата и рестораните и услугите за сместување, каде е забележано поскапување од 0,3 отсто.

    Зголемување од 0,2 отсто е евидентирано кај здравствената заштита и информациите и комуникациите, додека облеката и обувките поскапеле за 0,1 отсто. Цените во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, образованието, како и осигурителните и финансиските услуги останале непроменети во однос на мај.

    И покрај месечниот пад на трошоците на животот, на годишно ниво инфлацијата останува позитивна. Индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година е повисок за 3,4 отсто во споредба со јуни минатата година, додека цените на мало бележат годишен раст од 3,6 отсто.

    Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јуни, во однос на мај годинава, изнесува 99,2.

    Previous ArticleЦените на угостителските услуги во јуни се зголемени за 2.6 отсто во однос на истиот месец од претходната година
    Next Article ЗНМ и МИМ го претставија новиот Кодекс за новинарите со правила за користење на вештачката интелигенција и известувањето

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.