Цените на угостителските услуги во Македонија продолжуваат да растат и во јуни. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, тие се повисоки за 0,2 отсто во однос на мај годинава, додека на годишно ниво, во споредба со јуни 2025 година, зголемувањето изнесува 2,6 отсто.
Во првите шест месеци од годинава, односно во периодот јануари – јуни 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 2,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во однос на декември 2025 година, растот изнесува 0,8 отсто.
На месечно ниво, најголемо зголемување е забележано кај алкохолните пијалаци, чии цени се повисоки за 0,3 отсто. Цените на храната и ноќевањата се зголемени за 0,2 отсто, додека безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,1 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените во угостителскиот сектор и понатаму бележат постепен раст, како на месечно, така и на годишно ниво.
