Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски и Османи со спротивставени толкувања за протоколите и патот кон ЕУ
    Политика

    Муцунски и Османи со спротивставени толкувања за протоколите и патот кон ЕУ

    25/07/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Ние не тврдиме дека билатералните прашања не се користат за влијание врз пристапниот процес. Напротив, токму затоа бараме јасни, правно издржани и недвосмислени гаранции. Но, не смееме да прифатиме теза дека т.н. протоколи се правен дел од Преговарачката рамка, бидејќи тоа едноставно не е така. За жал, токму Бујар Османи беше оној којшто зад затворени врати, во разговорите со тогашната бугарска влада, ја застапуваше тезата дека протоколите се правно обврзувачки документи. Денес, кога ние ја браниме правната вистина и бараме јасни гаранции дека билатералните толкувања нема да станат европски критериуми, обидот тоа да се претстави како промена на позицијата е целосно неоснован“, вели Муцунски.

    Тој останува на ставот изнесен на вчерашната прес конференција дека протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка, но, вели Муцински, целосно е свесен за политичките обиди билатералните прашања да се користат за влијание врз пристапниот процес во ЕУ. „Суштината на проблемот е што Бугарија има поинакво толкување и ги третира т.н. протоколи како составен дел од Преговарачката рамка, додека нашиот став е дека станува збор за одвоени документи. Токму оваа разлика во толкувањето ја потврдува потребата од јасност, предвидливост и гаранции дека процесот на пристапување ќе се води врз основа на европските критериуми, а не на билатерални интерпретации“, категоричен е Муцунски.

    Дополнително, тој на својот официјален Фејсбук профил напиша дека  Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не.

    „Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави. Политичар кој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту на своите соседи, ниту на луѓето што најдобро го познаваат, навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет. По таков пораз, многумина би покажале политичка одговорност и би се повлекле, наместо да продолжат да делат лекции“, пишува Муцунски.

    За разлика од неговите спинови, додава тој, позицијата на Владата е јасна и непроменета од првиот ден.

    „Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери. Политичката меморија не е толку кратка колку што би сакал. Граѓаните знаат кој ја доведе државата во оваа ситуација. И знаат кој денес се обидува да избега од сопствената одговорност“, вели Муцунски.

    Според професорот Огнен Вангелов, пак, тврдењето дека Вториот протокол не е дел од преговарачкиот процес со Европската Унија не е во согласност со содржината на официјалните документи. Тој посочува дека Протоколот од 17 јули 2022 година е усвоен на втората седница на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

    „Врската е директна и недвосмислена. Протоколот е донесен согласно со член 12 кој предвидува годишно разгледување на спроведувањето и усвојување мерки, а параграф 5 од Преговарачката рамка изречно се повикува токму на тие годишни прегледи и мерки. Затоа, прашањето не е дали Протоколот е физички приложен кон Рамката како анекс. Прашањето е дали е вклучен во пристапниот процес преку директното повикување на механизмот од член 12 во Преговарачката рамка, во параграф 5, каде што се наведени и Копенхашките критериуми. Одговорот е недвосмислено, да“, напиша Вангелов на неговиот Фејсбук профил.

    Тој додава дека точките 2 и 3 од Вториот протокол, според бугарското толкување, го операционализираат надзорот врз спроведувањето на Договорот од 2017 година во текот на целиот пристапен процес до членството во Европската Унија.

    „Тоа е фактичката и правната врска. Таа не исчезнува со политичко негирање“, вели Вангелов.

    Изјавата на министерот Муцунски ја пренесоа и дел од бугарските медиуми повикувајќи се на членот 5 од Преговарачката рамка, кој, според нив, упатува на членот 12 од Договорот за добрососедство со Бугарија, и според нив, значи дека спроведувањето на протоколите е вградено како механизам според кој ЕУ го оценува напредокот на Македонија.

    И покрај сѐ, шефот на македонската дипломатија повторува дека разговорите со земјите членки на ЕУ, со европските институции и со Бугарија продолжуваат.

    „Постои позитивен импулс за изнаоѓање решение, но во овој момент нема договор што може да биде презентиран пред јавноста. Ние немаме друга алтернатива освен да бараме решение, но тоа нема да биде решение по цена на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Нашата цел е европски пат заснован на доверба, правна сигурност и заемно почитување, а не на нови билатерални условувања“, изјави вчера на прес конференцијата во Владата, Муцунски.

    Двата протоколи што ги потпишаа Македонија и Бугарија се донесени во рамки на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 2017 година.

    Првиот протокол е потпишан на 10 јуни 2019 година и главно се однесува на спроведувањето на Договорот од 2017 година. Содржи договорени мерки за унапредување на билатералната соработка. Вториот протокол беше потпишан на 17 јули 2022 година. Во него се утврдуваат рокови и обврски за спроведување на Договорот од 2017 година, меѓу кои мерки за ревизија на учебниците и наставните материјали во согласност со препораките на историската комисија, активности за спречување говор на омраза и подобрување на добрососедските односи, мерки за рехабилитација на жртвите од комунистичкиот период, унапредување на економската, инфраструктурната, енергетската и културната соработка како и потврда дека следната меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ ќе се одржи по внесувањето на Бугарите во Уставот.

     

    Previous ArticleЗајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС
    Next Article Четворица Палестинци и двајца Израелци убиени во престрелка на Западниот Брег

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.