Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
    Политика

    Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

    02/08/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Крушево – градот што е симбол на борбата за слобода и државност, но денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении.  За жал, истото е и во Прилеп, Струга, Струмица, Дебар и во Скопје. Што ќе вредат спомениците, ако нема детски раце што ќе положат венец пред жртвата на Илинденците? Колку ќе вреди македонскиот јазик, ако нема кој да го говори и да им го пренесе на своите внуци? Ќе вредат ли училиштата, ако во нив нема детски џагор? Браќа и сестри. Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија. Демографијата е нашата нова борба за Македонија.  Демографијата не е само статистика. Демографијата е бебешкиот плач и родителските солзи радосници. Младите ученици кои носат надеж за успех. Демографијата е семејство полно со деца и полно со верба дека среќата е поголема кога во домот има повеќе сестрички и братчиња“, истакна Милошоски.

    Тој рече дека демографијата не е само социјално и економско прашање, туку прашање и на личен приоритет, на семејна среќа и национален опстанок.

    „Можеме да градиме спортски сали, градинки и училишта. Може да создадеме раст и нови инвестициски проекти. Но, сето тоа има смисла само ако има млади на кои ќе го оставиме. Затоа грижата за семејството, особено за мајките и за децата, не смее да биде тема на еден мандат, на една влада или на една партија. Демографијата е тема што треба да не обедини, а сите ние како поединци и семејства да дадеме личен пример дека тоа што го зборуваме, навистина е тоа за што се залагаме. Да се обединиме за повеќе надеж, за повеќе семејства, за повеќе првачиња“, изјави Милошоски.

    Тој посочи дека саможртвата на Питу Гули ни дава јасна обврска – да не бидеме генерацијата што наследила држава, а оставила празни домови и празни училишта.

    „Питу Гули, јунакот кој овде загина на свои 38 години, не беше само идеалист и револуционер. Питу Гули беше сопруг и татко на четири деца. Загина бранејќи го токму она што му беше најсвето – семејството и неговата татковина Македонија. Илинденците садеа дрво под чија сенка знаеја дека веројатно никогаш нема да седнат. Но го засадија. За потомците да можат да ги уживаат плодовите на таа жртва. Тоа е големината на една генерација, не само во она што го создава за себе, туку во она што е подготвена да го остави на оние што сè уште не се родени“, рече потпретседателот на Собранието.

    Тој порача дека Илинденците не ни оставиле само историја, туку завет за оваа наша слободна Македонија да ја чуваме и да израснеме потомци што ќе ја наследат и ќе ја унапредат.

    „Пораката од ова место денес не е упатена само кон минатото и возрасните. Таа е упатена и кон нашите деца. Кон младите што го бараат своето место во светот и често го наоѓаат далеку од дома. И кон иселениците ширум светот кои, каде и да живеат, сè уште ја носат Македонија во срцето. Нашата задача не е да ги убедуваме младите да живеат во историските спомени. Нашата задача е да им оставиме држава во која ќе можат да ги создаваат своите спомени. Земја што ќе ја чувствуваат како своја. држава во која ќе можат да основаат семејства и да ги растат своите деца. А оние што веќе заминале во странство — да имаат повеќе причини еден ден да се вратат. Убаво е Македонија да биде местото од кое потекнуваме. Но, уште поубаво е татковината да биде и местото кон кое заеднички се враќаме“, истакна Милошоски.

    Пред 123 години, на овие падини, рече Милошоски, луѓе со многу помалку од нас се осмелиле да сонуваат за многу повеќе. Нагласи дека немале држава, школи, војска, здравство, ниту гаранција дека ќе победат, но имале верба, храброст, ја имале Македонија во срцето.

    „Ние денес имаме држава. Имаме училишта. Имаме војска, здравство и своја Република. Затоа нашата одговорност е поголема, а не помала. Од нас не се бара да ги правиме истите жртви како нив. Само се бара да бидеме верни на идеалите, да не бидеме себични и да го чуваме и унапредуваме она што тие го создадоа. Еден ден сите ние што денес стоиме овде ќе бидеме дел од минатото. И можеби некое дете што сега стои меѓу нас ќе застане повторно на ова исто место. Ќе погледне кон Мечкин Камен. Ќе се сети на Питу Гули. На Никола Карев и на славните Илинденците. Тогаш ќе се постави прашањето што стои пред нас и денес: Дали тие само се гордееја со она што го направија нивните предци или направија нешто со што можат да се гордеат нивните потомци? Тоа е вистинскиот долг кон Татковината. Не само да ја опеваме, туку да бидеме способни и да ја надградуваме“, порача меѓудругото Милошоски.

    Previous ArticleСиљановска: Да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
    Next Article Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денеска во истиот тој дух ја градиме Македонија преку проекти, автопати и железници на целата територија

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.