Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска: Да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
    Политика

    Сиљановска: Да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес

    02/08/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Државата јакнее преку националното помирување. На Ченто му замерувале поради неговата подготвеност да се помири со довчерашните неистомисленици, под услов да застанат на истата, македонската линија. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано“, нагласи претседателката.

    Денеска, додаде претседателката Сиљановска, собрани пред споменикот на еден од најголемите македонски синови, со членовите на неговото семејство, верувам дека не случајно скулпторот го овековечил Методија Андонов-Ченто не во партизанска униформа, туку во цивилна облека, како прв граѓанин на новата македонска република, како нејзин прв претседател.

    „И додека со шапката го покрива срцето коешто чука за татковината и за народот, со вперениот прст нè потсетува на нашата генерациска должност да ја чуваме и да ја браниме слободата на нашата држава „како зеницата во окото“. А државава, јас длабоко верувам дека се чува со демократски политички систем и со уставен патриотизам. Како непоколеблив македонски патриот и убеден демократ, Ченто не отстапувал од правото на самоопределување на македонскиот народ и не дозволувал мешање во внатрешните прашања на републиката, вклучувајќи го почитувањето на највисоките државни акти од секој и секаде. Да не треба да се задумаме кога се во прашање асномските документи и десетиците измени на Уставот од 1991“, рече Сиљановска.

    Таа истакна дека мирот и соживотот во хетерогеното општество се чуваат преку гарантирање и заштита на правата на заедниците, но не на штета на индивидуалните човекови права ако сакаме да живееме во европска демократија, потенцирајќи дека АСНОМ води сметка за македонската мултиетничка реалност.

    „Неговиот Манифест бил упатен до сите етнички заедници. И денес, се гордееме со високите стандарди на заштита на малцинските права на Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и другите. Спомнати или не, во делот којшто му претходи на нормативниот текст, што вообичаено се нарекува преамбула, сите македонски граѓани ги уживаат истите права и ги уживаат истите права и ги имаат истите обврски утврдени во нормативниот текст“, рече претседателката.

    Таа нагласи дека државата се чува со вложување во младите и токму младите, посочи таа, се изборија за слободата и ја создадоа државата.

    „Речиси половина од асномците биле помлади од 30 години. За жал, денес, најперспективните млади луѓе масовно се иселуваат во потрага по пристојно место за живеење. Некои, поради блокираните евроинтеграции, посегаат и по пасош од други држави-членки. Наша должност е да се бориме против корупцијата и организираниот криминал, против партократијата и загадувањето. Само кога знаењето и успехот ќе бидат поважни од книшката и познанствата, младите ќе останат да живеат, да работат и да создаваат семејства тука, дома“, потенцира Сиљановска Давкова.

    Таа истакна дека државата се брани со мудра надворешна политика и посочи дека еден од најголемите гревови на Ченто била неговата прозападна ориентација.

    „Како и дел од асномците, тој  се залагал за јасна поделба на власта, гарантирани човекови права и пазарна економија. Дури и во затвор, му забележувале дека наместо да ги чита Маркс, Енгелс и Ленин, тој учел англиски, француски и германски јазик. Нашиот пат е проевропски ориентиран, како и Чентовиот“,  посочи претседателката.

    Знаеме, нагласи Сиљановска, дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање различни спорови, но, како што кажа, „нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување“.

    „Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат, губиме сите. Обраќајќи се на Третото заседание на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто рекол: „Служејќи за доброто на нашиот народ, ние служиме за доброто на државата. Това което народот ни го е дал ние треба да го оствариме за вечни времиња. Само така можеме да одиме напред во прогрес…“. Неговите зборови се моја и наша должност. Да ни е за многу години Илинден! Да ни е вековита македонската република“, заклучи претседателката во обраќањето по повод 2 Август Илинден. 

    Previous ArticleФосилни стапалки откриваат дека древен човечки роднина бил повисок и се движел во групи
    Next Article Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.