Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки
    Политика

    Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки

    06/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во текстот на „Политико“, како што соопшти Министерството за надворешна политика и надворешна трговија, се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат.

    „Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија.

    Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години.

    „Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“- нагласи Муцунски.

    Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот.

    „Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по ‘премногу’ направени отстапки“ – рече Муцунски, додавајќи дека Македонците се уморни од постојаното „поместување на целта“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да побара нешто ново.

    „Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, порача Муцунски.

    Тој ја спореди ситуацијата со односите меѓу Ирска и Обединетото Кралство, оценувајќи дека нивните сложени разлики веројатно не би можеле да бидат надминати без заедничкото членство во Европската Унија.

    „Бугарија, веднаш по нас, има најмногу да добие од напредувањето на нашата земја кон полноправно членство“, истакна Муцунски.

    Министерот нагласи дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат напред.

    „Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи Муцунски.

     

    Previous ArticleМицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци
    Next Article Средба Ахмети – Варнс: Реминисценции за Охридскиот договор

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.