Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Грчка партија во Србија бојкотира иницијатива за споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад
    Политика

    Грчка партија во Србија бојкотира иницијатива за споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад

    08/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во меѓувреме, Македонскиот национален совет во Србија ги отфрли обвинувањата дека најавениот споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад носи политичка или територијална порака, откако претставници на грчката заедница во Србија побараа иницијативата да биде преиспитана, а една грчка партија ја оцени како „директна провокација“.

    Споменикот е предложен по повод 80 години од организираното доселување на Македонците во Војводина и според иницијаторите, треба да го одбележи нивниот придонес во развојот на Нови Сад, Војводина и Србија. Иницијативата до градското собрание била поднесена на 3 август.

    „За Македонците ширум светот, без оглед на тоа во која држава денес живеат, овој симбол претставува сеќавање на корените, традицијата и културното наследство“, соопшти Македонскиот национален совет. Оттаму нагласуваат дека споменикот е замислен како симбол на потеклото и културниот идентитет, а не како оспорување на историското наследство на други народи.

    Реакцијата следуваше откако Граѓанската партија на Грците во Србија побара од властите во Нови Сад да го запрат процесот, оценувајќи дека називот „Мајка Македонија“ претставува провокација кон Грција. Одделно, Националниот совет на грчкото национално малцинство побара пред конечната одлука да бидат консултирани историски и политички институции, оценувајќи дека името може да предизвика нови историски спорови на Балканот.

    Македонскиот совет одговори дека зачувувањето на идентитетот на една национална заедница не може да претставува закана за друга и дека културните симболи треба да бидат „мостови на меѓусебно почитување, разбирање и дијалог“.

    За иницијативата сега треба дополнително да се произнесат ЈП „Урбанизам“ и Заводот за заштита на спомениците на културата во Нови Сад, пред градските власти да донесат конечна одлука.

    Во контекст на целиот случај со иницијативата за споменик во чест на Македонците во Војводина, од Светскиот македонски конгрес реагираат  дека „културата и историјата на Македонија се дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации“.

    СМК оценува дека големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а универзални вредности на македонската цивилизација се: мирот и љубовта, наспроти омразата и војната; толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам кој претставува интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, сè до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

    „СМК очекува изградба на споменикот ‘Мајка Македонија’, а автономните и националните власти да ја отфрлаат оваа расистичка намера на Граѓанската партија на Грците во Србија!“, порачуваат од СМК.

    Previous ArticleКарпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои
    Next Article Тинејџер уби пет наставници и рани повеќе од 20 лица во пукотница во училиште во Тајланд

    Поврзани вести

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    04/09/2026

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    04/09/2026

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    04/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.