Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитриевски: ЗНАМ во септември ќе положи сметка пред граѓаните
    Политика

    Димитриевски: ЗНАМ во септември ќе положи сметка пред граѓаните

    10/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде каде што делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“, истакна Димитриевски во вечерашното гостување на Канал 5.

    Тој нагласи дека ЗНАМ продолжува директно и отворено да разговара со граѓаните и да покажува што значи одговорна политика, особено преку теренскиот караван кој во изминатиот период ги поврза раководството, функционерите и членството на движењето со граѓаните низ целата држава. Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.

    Говорејќи за државните интереси и европската интеграција, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ останува на својот став дека „јазикот, културата, идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички пазарења“.

    Во однос на уставните измени, тој повтори дека ЗНАМ цврсто стои зад моделот на уставни измени со одложено дејство, односно нивните ефекти да настапат по полноправното членство на Македонија во Европската Унија.

    „Јазик, култура, идентитет, историја, никој не смее да чепне во тоа. Што се однесува до францускиот предлог или европскиот предлог, тој за нас не е прифатлив“, истакна Димитриевски.

    Тој порача дека Македонија мора да продолжи да разговара со европските партнери и да бара решение, но решение во кое државата нема повторно да биде изложена на дополнителни блокади и условувања.

    Во пресрет на 35-годишнината од независноста, претседателот на ЗНАМ упати порака дека државата мора да се гради со чувство на припадност, одговорност и гордост.

    „Ние како политичка гарнитура треба да ги направиме младите генерации и горди Македонци“ порача Димитриевски, додавајќи дека Македонија мора да биде држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви права и еднаква одговорност кон нејзината иднина“, рече тој.

    Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата останува коректив одвнатре, особено кога станува збор за прашања што ги засегаат државните симболи, националниот идентитет и принципите на кои се темели државноста.

    Тој нагласи дека за ЗНАМ најважно е политиката да се мери со работа и резултати, а не со анкети, политички конструкции и медиумски наративи.

    „Најдоброто јавно мислење е на избори. И тоа кога и да се, ние сме подготвени“, порача претседателот на ЗНАМ.

    Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните и да работи за граѓаните, затоа што, како што посочи, политиката за неговата партија не е работа само за избори, туку секојдневна обврска да се слушне народот, да се презентира сработеното и да се понуди решение за иднината.

    Previous ArticleНиколоски: Безобразно е тоа што го прави опозицијата со одморот на премиерот
    Next Article Андоновска: Додека СДСМ си ја “ишка мувата”, остануваме посветени на здравствените предизвици

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.