Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Николоски: Безобразно е тоа што го прави опозицијата со одморот на премиерот
    Политика

    Николоски: Безобразно е тоа што го прави опозицијата со одморот на премиерот

    10/08/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Осврнувајќи се на критиките од опозицијата за престојот на премиерот во Брисел, Николоски ги нарече „безобразни“, појаснувајќи дека се работи за приватна посета и право на краток одмор со семејството.

    ​Прашан дали премиерот во рамки на екскурзијата во Белгија ќе има и политички средби и разговори поврзани со блокираните евроинтеграции, Николоски, рече дека „од она што го знам, се работи за приватна посета“.

    „Сите имаме право на одмор, секако и премиерот има право на одмор…  Секој си го бира своето место. Мислам дека, да бидам директен, е безобразно ова што го прави опозицијата. Да не му се дозволи на човек 5-6 дена да одмори во услови кога лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција, и што е негов избор, и тоа никој не го коментира. А од друга страна, во овие пет дена во коишто премиерот решил да се види со семејството, да пропатуваат заедно, да вака се прави напад, мислам дека е безобразно, немам друг збор“, изјави Николоски.

    Николоски, нагласи дека се навикнати на ваквите напади, посочувајќи дека тоа го правеле и „додека бевме во опозиција и сега кога ја водиме државата“. Но, како што подвлече „и граѓаните го гледаат тоа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што е, а рејтингот на СДСМ е тој што е“.

    Прашан што се случува во преговорите со Бугарија, Николоски во гостувањето на Сител телевизија, изјави дека работите се тие коишто ги знаеме –  од една страна имаме наследен договор којшто претходната Влада го потпиша така како што го потпиша, а најголем проблем е дека потпиша договор којшто не беше во можност да го испорача, а од друга страна имаме многу јасна и цврста позиција на ВМРО-ДПМНЕ и на сегашната Влада дека нема да има уставни измени под бугарски диктат.

    „Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата. Поентата е дека доколку се најде решение, тоа ние инсистираме и така ќе биде, да биде во рамки на принципите коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Ако тие принципи не се почитуваат, тогаш нема да има решение. Поедноставно од ова не можам да го кажам“, изјави Николоски.

    ​Прашан што е различно од лани и сега во преговорите со Бугарија, Николоски рече дека тој не гледа ништо различно.

    ​„Факт е дека има еден позитивен моментум во однос на проширувањето, што можеби не го гледавме минатата година или пред две години. И, исто така, е факт дека посветената работа на Владата, со лична координација на премиерот Мицкоски во однос на реформската агенда, дава големи резултати покрај за реформите, покрај за финансискиот прилив во државата и за имиџот на државата“, изјави Николоски.

    Премиерот Мицкоски, посочи Николоски, е единствен премиер од сите шест земји во Западен Балкан којшто лично ја води реформската агенда, лично ги води состаноците со Европската Унија, на коишто присуствуваме сите членови на Владата, и, како што нагласи „во моментов Македонија е убедливо најдобра по перформанс во однос на реформската агенда“.

    „Така што тоа многу придонесува за кредибилитетот на Македонија, затоа што покажуваме дека ние навистина сакаме и правиме реформи и дека блокадата од Бугарија е политичка, а не е поврзана со било кој сегмент од реформите — дали се владеење на правото, дали се економски реформи, дали се социјални реформи, дали е инфраструктура. Така што тоа многу помага на подобрување на имиџот на државата“, изјави Николоски.

    Тој соопшти дека првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари 2027 година, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки.

    „Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена од Второстепената комисија, така што овојпат процесот е целосно успешно завршен. Сега влегуваме во процес на потпишување договор и ако шест месеци е рокот за испорака од потпишување на договорот, моето барање до понудувачот, кој сега веќе ќе е и официјален контрактор на државата, ќе биде првите автобуси да стигнат во декември или во јануари. Следните 60 да стигнат во рок од 12 месеци и уште 60 за 18 месеци. Така што за година и пол да заврши целата испорака“, рече Николоски.

    За изградбата на прекуграничниот тунел со Бугарија, како дел од Железничкиот коридор 8, Николоски изјави дека е исклучително заедоволен од динамиката на развој на проектот и, рече, ако се оди добро очекува интензивни градежни работи од почетокот на идната година.

    Зборувајќи за други инфраструктурни проекти, Николоски за капиталниот проект автопат Охрид – Кичево соопшти дека градежните активности ќе завршат во првиот квартал на 2027 година, а во кој месец точно ќе зависи од тоа каква ќе биде зимата.

    Вицепремиерот соопшти и дека утре Министерството ќе има координација со Железница, Град Скопје и ЈСП за да се утврдат возните редови на Градскиот воз кој ќе почне да сообраќа од 1 септември, при што ќе се имаат предвид потребите на средношколците и студентите.

    Николоски рече и дека МВР ја истражува  големата кражба во електровлечната потстаница Драчево од пред две недели, со штета проценета помеѓу три до пет милиони евра, со што е оштетена критичната железничка инфраструктура.

    -Сторителите ќе бидат откриени затоа што е толку тешка кражбата така што не може повеќе од 20-30 луѓе во државата да ја направат – да се исече високонапонска струја, да се кренат 27-тонски транформатори, за тоа треба механизација. Така што горе-долу знаеме кои се луѓето што ова може да го направат, сега МВР истражува за точно да се открие кој го направил тоа. Направено е како на филм – таму е отидено со градежна механизација и со врвни експерти со цел да се извади бакарот од двата трансформатора и да се продаде на црниот пазар, затоа што бакарот на  светските берзи сега има виосока цена. Се врши инспекција и на  сите отпади за железо и останати метали. Некому ова му се видело како добар бизнис. Штетата е од три до пет милони евра, а не дај Боже можеше да се случи и нешто трагично на железницата“, изјави Николоски.

    Previous ArticleОпозицијата обвинува, плата од 1.000 евра за советниците, додека вработени во Министерството за култура чекаат осигурување
    Next Article Димитриевски: ЗНАМ во септември ќе положи сметка пред граѓаните

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.