Како што наведува, за државните и стратешките интереси неопходни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.
„Денеска, во рамките на Амбасадорскиот совет, пред шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва свои обраќања имаат претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Нивното учество ја потврдува важноста на заедничкиот институционален пристап кон клучните државни приоритети“, истакнува министерот.
Муцунски денеска во Скопје се обрати на отворањето на амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата.
