Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Јотова со нова провокација: Имаме заедничка историја, Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија
    Политика

    Јотова со нова провокација: Имаме заедничка историја, Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија

    24/08/20261 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Јотова оваа изјава ја даде на местото Петрова Нива, каде што пучествувала на чествувањето на 123-годишнината од, како што се вели, Илинденско-преображенското востание.

    „Денес во Република Северна Македонија се зборува за Бугарите, а историјата ни е заедничка. Што имаме да делиме?“, рекла претседателката.

    Таа додала дека на јазикот на омразата треба да му се спротивстават и политичарите и општеството.

    „Нема да се откажеме од вас и ќе ги браниме вашите права, правата на секој еден човек. Тоа не е политичка декларација. За мене тоа е вистинска почит на заветот на илинденците, кои знаеја дека само со единство можеме да имаме слобода, државност и слобода за секој човек“, рекла Јотова.

    Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав, услов што беше внесен и во Преговарачката рамка за пристапување на Македонија кон Европската Унија. Софија бара и заедничко толкување на личности и настани од историјата, особено од периодот пред и за време на Втората светска војна.

    Есенва во Бугарија треба да се одржат претседателски избори, а според сите анкети Илијана Јотова е во најдобра позиција. Јотова ја презеде функцијата претседател на почетокот на годината, кога Румен Радев, сега премиер на Бугарија, поднесе оставка.

     

    Previous ArticleСателит на НАСА следел огромна санта мраз која пропатувала 1.500 километри од Гренланд
    Next Article Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

    Поврзани вести

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    04/09/2026

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    04/09/2026

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    04/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.