Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан
    Политика

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    24/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Овие избори следат по уставниот референдум во Казахстан со кој се воведе единствена изборна единица на национално ниво, примена на пропорционален изборен систем со затворени листи и низа други промени.

    Потпретседателот на ПС на ОБСЕ, Габор Хајду (Романија), ја извршуваше функцијата специјален координатор на ОБСЕ и шеф на краткорочните набљудувачи на изборите, додека Луција Тацер Перлин (Словенија) беше шеф на делегацијата на ПС на ОБСЕ.

    Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на парламентарните избори во главниот град Астана, како и во другите региони на Казахстан. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваа со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) со цел да добијат повеќе информации за спроведување на парламентарни избори во земјата.

    Пред денот на изборите, набљудувачите добија детални брифинзи од претставници на Централната изборна комисија, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и независните експерти. По дводневни длабински дискусии, парламентарците од ОБСЕ ќе се распоредат низ Казахстан за да го оценат изборниот процес.

    Тимот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија ги набљудуваше изборите во различни делови на главниот град Астана и околината, при што посетија околу 12 изборни места и поднесоа писмени извештаи за своите согледувања.

    Изборите ќе се оценуваат според демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година. Нивните наоди ќе бидат сумирани и анализирани со цел да се вклучат во прелиминарните заклучоци на меѓународната мисија за набљудување на изборите, кои ќе бидат претставени на заедничка прес-конференција на 24 август.

    Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.

     

    Previous ArticleОд вечерва ново поскапување на горивата, дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50 денари
    Next Article Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.