Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Гаши: Сите закони за кои е потребен Бадентер ќе бидат ставени на гласање
    Политика

    Гаши: Сите закони за кои е потребен Бадентер ќе бидат ставени на гласање

    31/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Предизвик за пратениците останува гласањето на законите за кои е потребен Бадентер, за коишто Гаши на брифиг со новинарите рече дека сите ќе бидат ставени на гласање, но оти не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ. Закони за кои е потребен Бадентер односно што се од особен интерес се законот за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други.

    „Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера тогаш на друго политичко ниво се разговара. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но оставам на политичките актери да го решат“, рече на брифингот со новинарите претседателот Собранието.

    На прашање дали лидерска средба би помогнала, Гаши рече дека не може да оценува би помогнала или не, но дека секогаш е за дискусија и за разговор. – Не можете да најдете решение ако не седнете да разговарате – рече претседателот на Собранието додавајќи дека дијалогот треба повеќе да се употребува како дел од политичката култура во државата, особено со опозицијата.

    На денешната координативна средба присуствувал заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ, но немало никаква најава дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници. – Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат – рече Гаши.

    Во однос на тоа дали доколку блокадата продолжи ќе има предвремени парламентарни избори, рече дека вакви избори ќе има кога 61 пратеник ќе одлучат за распуштање на Собранието, но нагласи дека тој е поборник на идејата за редовни парламентарни избори и нема да дозволи злоупотреба на Деловник да предизвика парламентарни избори.

    „Не треба една злоупотреба на Деловник да предизвика предвремени избори, но тоа е политичка одлука и за тоа може да се решава и на друго ниво“, рече претседателот на Парламентот.

    Гаши најави дека наскоро во Собранието треба да пристигне законско решение поврзано со барањата правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

    Во однос на уставните измени рече дека нема информации за нов моментум, но дека Собранието е секогаш подготвено навремено да ги донесе потребните закони поврзани со Реформската агенда, но и доколку се донесе одлука за уставни измени.

    Во следните месеци пристапот во околината на Собранието ќе биде отежнат поради градежните работи поврзани со изградбата на паркингот за пратениците и вработените.

    Previous ArticleНиколоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај
    Next Article „Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива зада им донесат радост на првачињата

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.