Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Андоновски: ЕУ е во трка по инвеститори, само кај нас се креира отпор за дата-центрите
    Политика

    Андоновски: ЕУ е во трка по инвеститори, само кај нас се креира отпор за дата-центрите

    02/09/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Дигитализацијата, според Андоновски, треба да биде алатка, а Македонија со инвестиции во државна дигитална инфраструктура, поголеми дигитални услуги за граѓаните и за компаниите, и секако силни инвестиции во приватната дигитална инфраструктура може во следните години да се позиционира како технолошки хаб на Балканот.

    Плановите на Владата е привлекување ваков вид инвестиции и претседателот на Владата кажа, дека имаме неколку со кои што сме во еден вид на преговори, разговори, за да видиме, вели Андоновски, кој модел нам најмногу ни одговара, но и за кој модел се заинтересирани светските инвеститори.

    „Ние не сме држава која што е најатрактивна во светот за вакви инвестиции. Има многу држави во коишто се инвестираат. Во Европската Унија е трка по инвеститори во дата центри, најавени се околу 7 трилиони долари инвестиции во наредните 5 до 6 години во дата центри заради потребите на светот за податоци и впрочем во таа борба вие се борите за инвестиција повеќе затоа што тоа значи капитал повеќе во државата, дециден е Андоновски кој наведува дека сите држави коишто сакаат да напредуваат изминатиов период, веќе активно работат на привлекување на ваквиот вид инвестиции, затоа што ова е чиста индустрија“, вели министерот за дигитална трансформација.

    Тој открива дека Министерството работи на повеќе проекти од кои од особено значење е Националниот дата центар и оптичка инфраструктура. За националниот дата центар изработена е физибилити студијата за негова изградба, и во моментов се разгледуваат локации кои што ќе бидат во индустриски зони, во индустриски капацитети, најверојатно во близина на гравниот град.

    „Мислам дека ќе бидат во близината на Скопје. Имаме добра инфраструктурна поставеност на националниот дата центар и се наоаѓа, што е многу важно, на различна тектонска плоча од Прилеп, што значи поврзаноста помеѓу Скопје и Прилеп ќе биде во живо, а ќе бидат одделени физички. И третиот проект ни е изградба на инфраструктура, владина оптичка помеѓу сите овие државни институции, односно дата центарот, националниот, секундарниот во Прилеп, и клучните државни институции кои што мора да имаат некаква инфраструктура во Скопје“, вели тој.

    Андоновски посочува дека дата центрите претставуваат „чиста индустрија“ која не само што носи нови инвестиции, туку создава и добро платени работни места за инженери од областа на клауд технологиите, мрежите и сајбер-безбедноста.

    „Ние разговараме за потрошувачка на електрична енергија која еднакво ја трошат и конвенционалните производствени капацитети во моментот којшто ги имаме во Македонија, дали е производство на автоделови, дали е автоматизирано производство на други делови, дали се производство на храна, на конфекција, на текстил и т.н. сите овие трошат некој вид на енергија, најчесто електрична енергија. Исто така, трошат и дата центрите“, вели Андоновкси.

    Размислувањето, според Андоновски, треба да биде и од аспект на привлекување на знаења, вештини, на високо платени работни места кај македонските инженери, кај носење на еко систем кој што освен дата центар носи заедно други сродни дејности и носење на висока технологија.

    Андоновски, нагласува дека не слушнал за пример во кој што некоја приватна компанија гаси или затвора определен дата центар во една држава, а го отвара во некоја друга држава, затоа што, како што посочува „станува збор за чиста индустрија која што целосно не загадува“.

    „Луѓето кои работат во дата центрите се клауд инженери, се инженери на мрежи, сајбер безбедност, мониторинг, техничари, зборуваме за плата која што далеку, далеку ги надминува платите на сегашните инженери во државата. И ако сакате да зборуваме и за диверзификација на индустријата, затоа што кај нас фокусот на нашата индустрија е претежно на автомобилската. Таа гледаме дека се соочува со предизвици во ЕУ, мора да понудиме како држава алтернативи и диверзификација на индустријата“, појаснува Андоновски.

    Дигитализацијата, според Андоновски, треба да ни биде алатка, а Македонија со инвестиции во државна дигитална инфраструктура, поголеми дигитални услуги за граѓаните и за компаниите, и секако силни инвестиции во приватната дигитална инфраструктура може во следните години да се позиционира како технолошки хаб на Балканот.

    „Се надевам  дека овие три склопа, државни инвестиции, услуги за граѓани, компании и приватни инвестиции, ќе направат да бидеме држава со која што можеме да се гордееме во дигиталната сфера“, порачува Андоновски.

    Андоновски вели дека државата во моментов функционира со десетици помали серверски соби и мали дата центри низ институциите, и нагласува дека треба да се стремиме кон еден компактен Национален дата центар каде податоците на граѓаните ќе бидат на едно место, како и за дополнително искористување на потенцијалот на овој објект за употреба на вештачка интелигенција во државниот сектор и за граѓаните.

    „Ние мораме да имаме една институција која што се грижи за податоците, и за системите на кои што тие податоци се сместени, а на тој начин се оптимизира и потрушувачката на струја, и потрушувачката на вода, на други ресурси“, нагласува Андоновски.

    Според него, ние во моментот се соочуваме со една апсурдна ситуација, од аспект дека ние веќе сме изградиле секундарен дата-центар во близина на градот Прилеп, но, државата никогаш не инвестирала во планирање и во изградба на Национален дата центар каде што на едно место ќе ги чува податоците, системите кои што се државни, и податоците на граѓаните, и тоа место ќе го штити од сајбер напад.

    „Па, имаме апсурди сервери да се губат, се чуваат на несоодветни локации како што се ходници, подруми, тоалети. Сме видели десетици различни апсурдни ситуации, а државата никогаш не размислувала систематски од овој аспект“, појаснува Андоновски.

    Тој нагласи дека Националниот дата центар е дел од Реформската агенда поддржана од Европската Унија, при тоа забележува дека од опозицијата нема поддршка за реформските закони.

    „Ние поминавме во Собрание шест или седум закони, со нив има обезбедено повеќе од 40 милиони евра директна финансиска поддршка од Европската Унија за Македонија, но за ниту еден од овие закони опозицијата во Собрание не гласаше. Тоа е многу важно да се каже затоа што ние немаме поддршка од опозицијата за Реформската агенда во ниедна од областите, па вклучително ни во дигитализација, а ниту еден од нив не стана и не кажа дека има проблем со определен член од законот или определен аспект од законот. Читав соопштение изминатиот период во коешто се спротивставуваат и на Националниот дата центар. Откога сфатија дека Националниот дата центар е еден од нашите чекори, активности, обврски, ако сакате, една од нашите задачи во Реформската агенда, сега гледам прес конференција во која тврдат дека не се против изградба на националниот дата центар. Тоа е добар чекор напред од страна на опозицијата и свестување дека со намерното создавање на хистерија го стопираат развојот на оваа држава. Опозицијата, имам чувство дека сака да биде против се во Македонија, само Македонија да не успее. И се надевам дека во тоа нема да успеат да се спротивстават, на се она што сакаме да го создадеме“, вели Андоновски.

    The post Андоновски: ЕУ е во трка по инвеститори, само кај нас се креира отпор за дата-центрите appeared first on МКД.МК.

    Previous ArticleНиколоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензионерите и сите граѓани
    Next Article (Видео) Во септември, светска и македонска премиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.