Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
    Политика

    Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат

    05/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Таа посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии.

    „Од раст од 1,6 отсто во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3 отсто. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска.

    Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4, а градежништвото бележи раст од 21,9 проценти. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

    Резултатот, како што вели, добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3 отсто е значително над просекот на Европската Унија од 1,2 и еврозоната од 1 отсто.

    „Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна“, потенцира министерката за финансии и додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките.

    Целта, како што посочува, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

    „Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа“, порача Димитриеска-Кочоска.

    Previous Article„Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград
    Next Article ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.