Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»„Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград
    Култура

    „Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград

    05/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На 7 септември, во Драматичниот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, премиерно ќе биде изведена претставата „Крвава свадба“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија, драматуршка адаптација и кореографија на македонскиот режисер и кореограф Филип Петковски.

    „Крвава свадба“ е приказна за трагична љубов, претворена во современ сценски ритуал кој ги спојува физичкиот и постдрамскиот театар, танцот и балканското фолклорно наследство – препознатливи елементи од сценскиот јазик на Петковски. Ликовите навидум наликуваат на обични луѓе, растргнати меѓу она што општеството го очекува од нив и она што нивните тела го посакуваат. Тоа е претстава за љубовта како сила која не им се потчинува на правилата, за семејството како засолниште и затвор и за свет во кој честа понекогаш станува поважна од човечкиот живот.

    Говорот и текстот во претставата не доминираат како основни изразни средства. Актерите ги користат кореографијата и движењето за да ги изразат емоционалните состојби на ликовите, додека очилата што ги сокриваат нивните погледи го насочуваат вниманието кон телото како главен носител на сценското значење и оставаат простор за субјективна интерпретација на гледачот.

    Постановката не се обидува да ја реконструира Андалузија на Лорка, туку создава сопствен сценски свет преку елементи од ромското и балканското фолклорно наследство, особено присутни во музиката на Петар Дундаков. Традиционалното и современото, религиозното и паганското постојат во една заедничка реалност, во која луѓето постојано се обидуваат да избегаат од улогите што општеството однапред им ги определило.

    Сценографијата на Мартин Манев ја создава „сувата пустелија“ што ликовите постојано ја споменуваат во текстот, додека костимите на Антонија Гугинска Јорданоска ја интерпретираат културата на облекување во Андалузија преку современа естетика. Драматуршката адаптација ја трансформира жената од жртва во активен субјект, а поезијата на Лорка селективно се користи како коментар на сценското дејство.

    Кога музиката ќе запре и свадбениот ритуал ќе заврши, останува прашањето: дали трагедијата е последица на еден погрешен избор – или на свет во кој вистински избор никогаш немало?

    Previous ArticleКОЈ РАБОТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК, НЕКА ИЗДРЖИ: Вторник е неработен, па следува продолжен викенд
    Next Article Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат

    Поврзани вести

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    06/10/2026

    НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

    06/10/2026

    „Минимални хоризонти“ на Ана Пандевска и Дуња Иванова ја воодушеви публиката во Тирана

    05/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.