Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»СДСМ удри по Владата за возачот на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата го брани криминалот
    Политика

    СДСМ удри по Владата за возачот на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата го брани криминалот

    06/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За СДСМ прашањето не завршува со апсењето на возачот. Оттаму прашаа дали тој бил само посредник, односно дали зад случајот стои и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

    „Ова е ОКГ – организирана криминална група. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена. Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон. Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

    Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш возвратија на нападите на СДСМ, обвинувајќи ја опозицијата дека го штити криминалот.

    „Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите. Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС. Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост“, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера го уапси возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Тој се сомничи дека барал пари за посредување при вработување, по што полицијата организирала акција со обележани пари.

    Previous ArticleМЕТЕОАЛАРМ: Високи температури низ Македонија, живата во термометрите до 35 степени
    Next Article Американската војска нападна три ирански танкери како одмазда за ракетните напади

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.