Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Европска иднина, силна држава и одговорност кон идентитетот, порака од државниот врв за 35 години независна Македонија
    Политика

    Европска иднина, силна држава и одговорност кон идентитетот, порака од државниот врв за 35 години независна Македонија

    08/09/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Мицкоски порача дека неговата цел е генерацијата на која ѝ припаѓа да биде онаа што ќе ја внесе државата во Европската Унија, но нагласи дека европскиот пат не смее да значи компромис со македонскиот идентитет, јазик и култура. Според него, за да се надмине последниот предизвик и да се започне патот кон ЕУ, неопходно е најпрво да се изгради доверба и да се прифатат фактите и правата поврзани со македонската заедница и македонскиот јазик.

    „Јас посакувам и јас работам да сме генерацијата која ќе ја внесе државата во Европската Унија. Нема подобра алтернатива за државата, точно е тоа. Но истовремено секој еден од вас треба да знае дека има уште еден последен предизвик, кој што стои пред нас, не за да го завршиме патот, туку за да го почнеме, не затоа што имаме некаква гаранција дека ќе стигнеме до целта, туку дека ќе почнеме да го чекориме тој пат. Кога ќе ги слушнете сите оние лицемерни крици на немоќ од нашите политички противници или барем од дел од нив, кои што велат во една состојба на самозаводолување – решете го проблемот и нималку не се свесни дека тие се тие кои во суштина го креираа проблемот, кои што од предлог прифаќајќи го на авантуристички начин, созадоа услов за нашиот напредок, кон полноправно членство во ЕУ. Истите тие кои денеска ги слушаме како на отворена сцена не повикуваат да го решиме и да ќе го решиме, само треба трпение, најпрвин да се создаде доверба, а за да се создаде доверба, треба да престане да се игнорираат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница. Треба да се престане да се негира правото на мојот мајчин македонски јазик, треба да се престане да се бараат корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката коминтерна, туку да се прифати факт кој што е стар со векови. Тоа се факти од кои нема бегање и додека не ги прифатиме овие факти нема доверба, а кога нема доверба нема дијалог, затоа напрвин ајде да создадеме доверба, а потоа и да водим дијалог. Дијалог без дверба не водиме никаде, туку кон нови проблеми и нови порази“, порача Мицкоски.

    Тој нагласи дека има и такви прашања за кои нема компромиси, за кои нема договори под маса, додавајќи дека нема играње за она што значи наш идентитет, наше постоење, наш јазик и култура.

    „Компромисот за овие прашања значи уривање на македонскиот АСНОМ и Илинден. А добро знаете, добро знае секој еден од вас дека ова е последната брана, дека нашиот збор е најсилната брана, а со зборот нема играње, тогаш си играте со честа, а која ќе ја изгубите честа, тогаш ништо друго не ви е потребно во животот“,  истакна Мицкоски.

    Претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод Денот на независноста порача дека државноста не е завршен чин со прогласувањето на независноста, туку процес што се гради секој ден – преку функционални институции, еднакво право за сите, одговорност, образование и економски развој.

    „Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата. Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел“, порача Гаши.

    Претседателката Сиљановска Давкова, пак, оцени дека 35 години по независноста државата има генерациска одговорност да ги заврши задачите што остануваат пред неа – искоренување на криминалот и корупцијата, бескомпромисно владеење на правото и изградба на мирно и праведно општество на рамноправни граѓани. Таа европската иднина ја посочи како стратешка цел, но нагласи дека иднината на државата пред сè зависи од самите граѓани и нивната способност да ја градат и заштитуваат својата држава.

    „Македонската независност почива на три столба: првиот е довербата на секој граѓанин во сопствената држава и во капацитетот на нејзините институции да ги заштитат правата, да обезбедат правда и да пружат еднакви можности за сите; вториот е меѓусебната доверба меѓу нас, граѓаните, како човечка нитка којашто нè држи заедно, независно од етничката, верската, јазичната и секоја друга разлика, и третата е – непотрошната, искрената и непоколеблива вера во македонската иднина. Во празничен, оптимистички дух, да потсетам дека страниците на нашето минато и сегашност бележат бројни успеси на многу полиња. Изградивме функционални институции и ја развивавме свеста за општото добро и државниот и национален интерес. Создадовме НАТО армија која ја гарантира нашата безбедност. Развивме и развиваме економија отпорна на притисоците и отворена кон светските пазари. Стекнавме пријатели и стратешки партнери кои не поддржуваат на долгиот и трнлив европски пат. Имаме јасна свест за европска припадност и стратешка цел за европско членство“, вели претседателката Сиљановска Давкова.

    Според неа, време е за релативизирање на географијата и границите и за подлабоко поврзување со нашата дијаспора, за обединување на сите умни, креативни и храбри луѓе со македонско потекло во градењето на татковината како пристоен, достоинствен и просперитетен заеднички дом.

    Previous ArticleРубио со честитка за 35 години независност: „САД се горди што стојат покрај Северна Македонија“
    Next Article Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.