Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Божиновска: Со Вертикалниот коридор се позиционираме како енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа
    Политика

    Божиновска: Со Вертикалниот коридор се позиционираме како енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа

    08/09/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во интервјуто на маргините на самитот во Солун каде што беше потпишан меморандумот за приклучувањето на Македонија во Вертикалниот коридор, министерката говори за интерконекторите со Грција и Србија, за течниот природен гас (ЛНГ) од терминалот во грчкиот град Александруполи, за кој вели дека е новата рута што ќе ни овозможи пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан и ќе можеме да склучуваме повеќе договори, да ја снабдуваме нашата индустрија и да транспортираме гас кон ЈИ Европа, а говори и за нафтоводот Вардакс што ги поврзува Солун и Скопје, како и за инвестициските можности за грчките компании во секторот на обновливите извори на енергија и електроенергетските мрежи.

    За Вертикалниот коридор објаснува дека за нас е особено важна разврска со оглед на тоа што веќе три децении земјата има само еден гасовод што нè поврзува со Бугарија, а во период кога Европа дискутира за ослободување од зависноста од рускиот природен гас, „започнавме со изградба на интерконекторот со Грција, кој претставува пресвртница, бидејќи ќе добиеме втора опција за снабдување и повеќе нема да постои монопол на една единствена рута за транспорт на гас“.

    За напредокот на изградбата на интерконекторот со јужниот сосед потсети дека неодамна, заедно со претставници на грчкиот оператор ДЕСФА, го посетија градилиштето на „Rapid Build“ во близина на границата меѓу двете земји.

    „Утврдивме дека околу 95 отсто од административните постапки веќе се завршени. Цевките се испорачани и проектот се одвива согласно утврдената временска рамка. До јуни 2027 година ќе треба да биде завршен главниот дел од изградбата, а до јули 2027 година да бидат завршени сите работи. Станува збор за околу 68 километри гасовод на наша територија. Во постојана комуникација сме со ДЕСФА и нашата соработка е многу добра“, посочи министерката.

    За интерконекторот со Србија објасни дека неодамна беше потпишан договорот за делот што се однесува на македонската територија во должина од 23 километри и истакна дека е важно е што компанијата има сопствено производство на цевки, поради што не се очекуваат проблеми со набавката на материјалите.

    „Согласно договорот, работите треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а целта е гасоводот да биде целосно функционален во 2028 година. Знам дека процедурите напредуваат и во однос на гасоводот на територијата на Србија. Формиравме технички тимови кои одржуваат редовни состаноци, вршиме проверки на напредокот на три месеци. 2028 година останува годината во која треба да биде завршена целокупното поврзување“, нагласи Божиновска.

    Објаснува дека Владата одобри формирање оператор на системот за природен гас, нешто што досега не постоеше, а паралелно се работи на завршување на потребната законска регулатива, бидејќи како што вели „не е доволно само да се изградат интерконекторите, туку потребен е и соодветен оператор и целосна регулаторна рамка“.

    „Кога ќе бидат завршени овие постапки, ќе можеме да го искористиме FSRU (пловечкиот терминал за течен природен гас) во Александруполи. Веќе имаме резервиран капацитет, што досега не можевме да го користиме. Новата рута ќе ни овозможи пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан. Ќе можеме да склучуваме повеќе договори, да ја снабдуваме нашата индустрија и да транспортираме гас кон Југоисточна Европа“, истакна министерката.

    Во интервјуто, се осврнува и на повторното активирање на нафтоводот Солун – Скопје по пауза од 13 години, велејќи дека неговото значење јасно се покажа за време на блокадите на границите, бидејќи „доколку го немавме продуктоводот, можеби ќе се соочевме со криза во снабдувањето“.

    Во однос на планот за надградба на електричната интерконекција Мелити – Битола, објаснува дека повеќепати разговарале на оваа тема со министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, дека веќе е обезбедено техничко финансирање од еден милион евра од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан со цел да се изработат потребните студии.

    „Прво треба да се заврши техничката анализа. Според разговорите што ги имав со операторот на преносниот систем, планирањето може да напредува до 2028 година. Максималниот преносен капацитет што се разгледува е да достигне 1.400 мегавати, иако претходно треба да се направат неопходните пресметки. Зголемувањето на производството од обновливи извори на енергија во двете земји ја прави уште поважна потребата од зајакнување на интерконекциите. Повеќе интерконекции и поголем капацитет се позитивни не само за двете земји, туку и за целиот регион. Важно ќе биде и развивањето на оската Исток – Запад, од Бугарија кон Италија“, објасни Божиновска.

    Министерката се осврнува и на енергетската транзиција на Македонија, но и на можностите за грчки инвестиции во енергетиката во нашата земја, посочувајќи дека имаме развиено значителен капацитет од обновливи извори на енергија, но и дека следната седмица и официјално ќе биде отворен ветерниот проект со капацитет од околу 400 мегавати на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

    Објаснува дека складирањето на енергија е исклучително важно поради значителното производство од обновливи извори на енергија, па затоа „комбинацијата на обновливи единици и складирање претставува значајна инвестициска можност“.

    „Енергетската ефикасност исто така е клучен дел од нашата стратегија за следните пет до десет години. Третата голема област се мрежите. Имаме разговарано со АДМИЕ (грчкиот оператор на преносниот систем на електрична енергија) за зајакнување на нашата соработка, бидејќи ни се потребни нови линии за пренос и поголем капацитет. Секако, станува збор за инвестиции со исклучително висок трошок. Во земјата има градови во кои веќе нема слободен електричен простор и тоа значи дека, дури и ако инвеститорот има средства за изградба на нова единица за обновливи извори на енергија, можеби нема да постои можност таа да се приклучи на мрежата“, објасни министерката, додавајќи дека проблемот не се однесува само на нашата земја, туку на цела Европа.

    За механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) вели дека она што требаше да се постигне во пракса не функционираше, а сите земји од регионот се соочуваат со истиот проблем, односно со тоа што „механизмот доведе до значително намалување на извозот на електрична енергија од земјите на Западен Балкан кон ЕУ, со сериозни последици за производителите“.

    „За справување се оваа ситуација, нашите пазари треба да се спојат со европскиот пазар. Сепак, доцнењето не се должи исклучиво на нашите земји или на фактот дека не сме ги завршиле нашите обврски. Сè уште постојат нерешени прашања и од страна на Европската комисија. Испративме писма до ЕК и ѝ се обративме и на Енергетската заедница. Европската Комисија е запознаена со проблемот. Очекуваме одговор во септември или октомври“, објасни Божиновска.

    На крајот од интервјуто, министерката посочува дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат беше формирано во јуни 2024 година и во текот на овие две години беше многу направено и „Северна Македонија повторно се враќа на енергетската карта. Учествуваме на меѓународни состаноци и работиме на зајакнување на улогата на нашата земја во регионот“.

    Previous ArticleВЛЕН: Македонија создава подобри услови за инвестиции и нови работни места
    Next Article Помодерна и побогата, но со сè помалку жители, статистички портрет на 35 години независна Македонија

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.