Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Владата прави методологија струјата да не поскапи, уверува премиерот Мицкоски
    Политика

    Владата прави методологија струјата да не поскапи, уверува премиерот Мицкоски

    09/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „За струјата, правиме методологија да се обидеме, ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да се обидеме да ја поевтиниме“, изјави Мицкоски.

    Тој истакна дека откако е оваа Влада, граѓаните, домаќинствата, реално немаат зголемување на цената на електричната енергија и покрај сите предизвици и, како што рече, „покрај тоа што сме во пикот на најголемата енергетска криза, која човештвото ја памети, а тоа е војната во Арапскиот Залив“. Премиерот посочи дека и покрај сите предизвици, состојбата со струјата е стабилна.

    ​„Покрај сите тие предизвици, денеска кога ме прашувате, јас можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима, ќе имаме снабдување со електрична енергија во согласност со потребите на граѓаните и бизнисот. Ние како Влада сме фокусирани на тоа, ги подготвуваме нашите производни капацитети. Грејната сезона ќе почне за еден и пол месец, еве максимум, во зависност од временските услови, некаде на почетокот на ноември, но ние ги подготвуваме енергетските капацитети, се подготвуваме за зимата и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да се фокусираме“, вели Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски додаде дека акумулациите се на ниво од речиси 50 отсто.

    „Цела Европа се соочува со низок водостој на реките. Ова лето се исклучуваа нуклеарни централи, термоцентрали, хидроцентрали. Ние тоа не го правевме, напротив. Работиме со план, чекор по чекор. Знам дека не е сè идеално, знам дека е тешко, но е многу подобро за разлика пред три години и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро од денес“, истакна Мицкоски.

    ​Претседателот на Владата истакна дека што се однесува до цените на горивата и на другите нафтени деривати, имаме убедливо најниски цени во регионот, до половина евро за литар пониски од земјите во регионот ако се споредиме со Грција, Албанија, Србија.

    „Се разбира дека и во моментот аплицираме мерки, а тоа е редуцираното ниво на акцизата, но во зависност од интензитетот на кризата, така ќе ги димензионираме мерките. Затоа што многу е важно и да се одржат макроекономската и фискалната стабилност на земјата во услови на ваков тип глобални предизвици – две војни, сепак не е малку, а воедно да успеете да ја задржите стабилноста во буџетот, да генерирате раст, кој беше 4,3 отсто на реална основа во вториот квартал, кој е само продолжување на растот од првиот квартал од 3,1 отсто, да го спуштите нивото на инфлација од 2,3 и 2,6 отсто, да го зголемите извозот – тој да расте побргу од увозот, да ја зголемите вработеноста, да креирате нови 17.000 работни места и сето тоа се предизвици кои изминативе 26-27 месеци се решаваат“, рече Мицкоски по пуштањето на новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип.

    Previous ArticleНиколоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прават Македонија лидер во регионот
    Next Article „Боите на слободата“ во Музејот на Македонија

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.