Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сали – Бланар: Словачка дава континуирана поддршка за европерспективата на Македонија
    Политика

    Сали – Бланар: Словачка дава континуирана поддршка за европерспективата на Македонија

    11/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопшти Министерството за европски прашања, Сали му се заблагодарил на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамките на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

    „Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок“, истакнал Сали.

    Во овој контекст, се додава во соопштението, било разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи ги европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес.

    Сали истакнал дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи, нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите.

    Соговорниците разговарале и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција.

    Сали нагласил дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Македонија кон ЕУ, така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан.

     

    Previous ArticleМНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот
    Next Article Израелските сили уништиле голем подземен комплекс на Хезболах

    Поврзани вести

    Судијата Ѓоко Ристов ем го судат, ем во притвор и ем цело време си зема плата

    06/10/2026

    Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ

    04/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги објави останатите сомнежи за криминал

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.