Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност
    Култура

    „ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

    11/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен в недела, на 13 септември, во Музејот на град Скопје, во 20 часот.

    Наградата „Прозарт“ која што се доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Драган Великиќ, еден од најзначајните, најпреведуваните и најпрепознатливите современи српски писатели. Ќе му биде врачена лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Музеј на град Скопје, на 15 септември.

    Освен Великиќ, гости на 14. издание на фестивалот ќе бидат албанската писателка Дијана Чули, бугарскиот писател и сценарист Николај Терзијски, словенечката романсиерка Габриела Бабник Уатара, ирско-британскиот филмски автор и продуцент Мајк Дауни, српската писателка Христина Радовиќ Андриќ и психологот и авторка на детска литература Зиновија Василејади од Грција, како и нашиот писател Блаже Миневски.

    Годинава фестивалот може да се пофали и со богата дополнителна програма.

    Сите настани се со слободен влез. На 16 септември во Кинотеката во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот Мајк Дауни. Писателот Александар Прокопиев ќе го води разговорот со Мајк Дауни. На 17 септември (четврток) во Europe House Тетово во 19 часот ќе се одржи инклузивна промоција на сликовниците од Денис Јанкуловски. Наредниот ден (18 септември) во кафе-бар „Саман“ од 20 часот ќе следува книжевно-музички перформанс „Портрети“ со Александар Прокопиев и Бобан Здравковски Андреевски.

    На 19 септември (сабота), во кафе-бар „Цреша“ од 20.30 часот ќе следува концертна промоција на петтата поетска збирка „Пружини“ од Пијан Славеј, со Hot Jazz Orchestra. Годинава по 13-ти пат ќе се одржи и програмата „Скопје фелоушип“. Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и Албанија ќе бидат гости на оваа значајна програма, една од ретките од ваков тип во регионот. Во Скопје ќе дојдат: Ефи Риза-Скифа, основачка и издавачка менаџерка на грчката издавачка куќа „Енастрон“, Манол Пејков, сопственик и генерален директор на бугарската издавачка куќа „Жанет 45“ и основач на Софиската литературна агенција, Рајмонда Хида, директорка за надворешни односи и авторски права во албанската издавачка куќа „Фан Ноли“, Гергана Панчева, извршна директорка на Софиската литературна агенција, Аристеа Илиопулу, раководителка на издавачкиот сектор и лекторка во „Енастрон“, и Реџеп Хида, директор на „Фан Ноли“. Сите учесници на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачки куќи. Програмата е посветена на странски издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. „ПРО-ЗА Балкан“ е првиот фестивал во поширокиот регион што воспостави ваква програма, а годинава „Скопје фелоушип“ ја одбележува својата 13-годишнина. Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Делегација на Европската Унија и Europe House, Амбасада на Грција, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Словенија, Кинотека, Музеј на град Скопје и Умно.мк.

    Previous ArticleВработени во Антроик предупредуваат дека вештачката интелигенција може да го истреби човештвото за една деценија
    Next Article Мицкоски: Ако опозицијата во Собранието поднесе барање за предвремени избори, ќе одговориме позитивно

    Поврзани вести

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    06/10/2026

    НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

    06/10/2026

    „Минимални хоризонти“ на Ана Пандевска и Дуња Иванова ја воодушеви публиката во Тирана

    05/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    СДСМ го обвини Мицкоски за блокирање на дијалогот со Бугарија

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.