Одговорајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори, Мицкоски напомена дека оваа Влада ја доби довербата од народот за да ја води државата четири години.
„Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе барање во Парламанетот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме“, изјави Мицкоски.
