Рокас денеска присуствуваше на настан на граничниот премин „Табановце“, каде што одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува откочување на процесот за пристапни преговори со ЕУ, посочи дека во изминатиот период се вложуваат значителни напори за создавање услови за таков чекор.
„Се надевам дека набргу ќе имаме регионална посета од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. Таа треба да се реализира за две до три недели, така што се надевам дека нејзината посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори со Европската Унија“, изјави Рокас.
