Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски во Вашингтон, средби за инвестиции во енергетиката, воената индустрија и за Криволак
    Политика

    Мицкоски во Вашингтон, средби за инвестиции во енергетиката, воената индустрија и за Криволак

    15/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во гостувањето во Дневникот на МТВ, Мицкоски рече дека во Вашингтон ќе разговара и со високи претставници на американската финансиска институција DFC. Таа веќе е присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстодол“, познат во јавноста и како „Антимон“.

    „Од нивна страна има интерес и за други проекти во делот на енергетиката и напредната технологија, така што сакам подлабоко да ги понудиме нашите капацитети“, рече Мицкоски.

    Дел од разговорите ќе бидат насочени и кон компании од воената индустрија што Владата сака да ги привлече да инвестираат во Македонија. Во тој контекст, Мицкоски го спомена и армискиот полигон Криволак.

    „Во фаза сме на изработка на нов закон со Министерството за одбрана, да го понудиме нашиот тренинг-полигон Криволак“, рече премиерот.

    Според него, привлекувањето компании од оваа индустрија и користењето на капацитетите на Криволак би можеле да придонесат за побрз и подинамичен економски раст.

    Во Вашингтон се предвидени и средби со влијателни тинк-тенк организации, по што владината делегација ќе замине за Њујорк.

    Таму Мицкоски ќе учествува на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации и најави повеќе веќе потврдени средби со државници. Фокусот ќе биде и на соседството, но премиерот најави обид за билатерални разговори со земјите од Заливот.

    „Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски“, рече Мицкоски.

    Предвиден е и прием организиран од претседателот на САД. До овој момент, пак, не е планирана посебна средба со бугарската делегација.

    Мицкоски потврди дека ќе има и состанок на лидерите од Западен Балкан што во Њујорк го организира делегацијата на Европската Унија. Дали лично ќе учествува ќе зависи од нивото на состанокот – ако е на ниво на шефови на држави и влади ќе присуствува тој, а ако е на министерско ниво, Македонија ќе ја претставува министерот за надворешни работи.

    Прашан каков ќе биде македонскиот став на тие разговори во однос на бугарските услови за уставните измени и барањето гаранции, Мицкоски рече дека Владата нема да ја менува досегашната позиција.

    „Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика која нуди гаранции на подолг рок“, рече Мицкоски.

    Previous Article„Меѓу светови“ – мултимедијална изложба на Воскресија Андреевска
    Next Article Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.