Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Брисел размислува за мигрантски центри надвор од ЕУ, за Македонија тоа не е тема
    Политика

    Брисел размислува за мигрантски центри надвор од ЕУ, за Македонија тоа не е тема

    16/09/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во секој случај Европската комисија е под притисок на земјите-членки и веќе се подготвува да ги засили напорите за спречување на нерегуларните пристигнувања во ЕУ. ЕК разгледува нови правила, вклучително и можност Брисел да финансира центри за враќање мигранти. Новите мерки се очекува да бидат претставени денес (среда) во говорот за состојбата на Унијата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.

    Се очекува Европската комисија, во контекст на случувањата во Сеута, во наредните месеци дополнително да ја заостри миграциската политика на ЕУ, пишува бриселски Еуроњуз.

    Идејата за ваквата можност, отворање мигрантски центри надвор од ЕУ, се активираше уште во првите денови на мигрантската „инвазија“ во Сеута, што всушност и гласно го бараа најзагрозените земји-членки, Шпанија, Италија, но и Франција…

    Македонија не сака да размислува за мигрантски центри

    Според логиката на нештата, и некои претходни искуства, најблиското соседство на ЕУ, земјите од Западен Балкан се вообичаената прва опција на која помислува Брисел, кога се актуализираат темите за мигрантски центри. Во последнава деценија, можноста за отворање мигрантски центри во Македонија, неколку пати била предмет на јавни политички престрелки, независно кој политички субјект бил власт или опозиција. Токму поради актуелниот контекст на случувањата на наплив на мигранти на гранците на ЕУ и сè погласните инцијативи за центри за мигранти надвор од Унијата, упативме прашање дали во Владата има одредени процени дека Македонија би можела да се стане предмет на интерес на ЕУ, за евентуална реализација на таков проект – создавање на центри за миграција? Но и дали постои расположение за прифаќање на таков евентуален предлог?

    „Во однос на Вашите прашања, категорично укажуваме дека Владата нема договор, политика, обврска или каква било преземена заложба за прифаќање мигранти или воспоставување мигрантски кампови.

    Политиката на Владата се темели на јасни позиции, преземени обврски и конкретни одлуки, а не на претпоставки. Кога постои конкретна политика или договор, Владата за тоа јавно и транспарентно ја информира јавноста и презема одговорност за своите одлуки.

    Во таа насока, уште еднаш јасно посочуваме дека не постои никаква владина политика или договор за прифаќање мигранти, ниту за воспоставување мигрантски кампови.

    Владата останува доследна на својата обврска да ги штити државните интереси, безбедноста и интересите на македонските граѓани и за сите прашања од стратешко значење да постапува исклучиво врз основа на јасно дефинирани национални интереси и институционални одлуки“, одговараат од Владата на прашањата од МКД.мк.

    Прашања упативме и до неколку политичките партии, како одговорни политички субјекти во државата, но одговори добивме само од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

    „Македонија нема да биде никаков центар за мигранти, ниту пак градење на мигрантски кампови. Тоа се случуваше во времето на Заев и Филипче, а ние како ВМРО-ДПМНЕ тоа го спречивме. Филипче лажеше дека ќе има мигранти во Македонија, еве година по тоа нема ни ‘М’ од мигранти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    За ДУИ, темата за можноста за отворање мигрантски кампови е премногу хипотетичка, со оглед на тоа дека веќе во неколку наврати, во различни периоди била во фокус на јавна политичка дебата.

    „Веќе две-три години повремено се зборува за можноста за отворање мигрантски кампови во Македонија. И покрај последните случувања летово со мигрантсите напливи во Шпанија и барањето решенија од ЕУ за тој предизвик, сепак тоа е сè уште е премногу хипотетично прашање во Македонија. Ако се случи такво барање или предлог од Брисел, тогаш ќе разговараме, но и во таков контекст одлуката е во рацете на мнозинството, а ДУИ не е дел од владејачкото мнозинство“, вели Арта Биљали- Зендели, портпаролката на ДУИ.

    ЕУ не се опушта со мигрантите и покрај намалениот број барања за азил

    И покрај големиот пад на нерегулираните преминувања на границите на ЕУ и на бројот на барањата за азил од 2023 година, се разгледуваат нови можности за зајакнување на надворешните граници и за зголемување на бројот на вратените нерегулирани мигранти, рекле за Еуроњуз неколку функционери на ЕУ, дипломати и европратеници.

    Опциите за кои се разговара во Брисел меѓусебно не се исклучуваат и Фон дер Лаен би можела да се одлучи за повеќе од една.

     

     

     

     

    Првата опција предвидува привремено суспендирање на правото на азил во случаи на ненадејно пристигнување голем број мигранти. Ако тоа биде усвоено на ниво на Унијата, земјите членки на ЕУ повеќе не би имале обврска да ги обработуваат барањата за азил на луѓето што нелегално влегле во ЕУ во околности како оние во Сеута.

    Според сегашните правила, секој странски државјанин што се наоѓа во некоја земја на ЕУ има право да побара азил, без оглед на тоа како влегол во Европа, а секое барање се разгледува поединечно.

    Некои земји на ЕУ во последните години веќе усвоија слични измени на правилата за азил, како Грција во летото 2025 година и Полска во март истата година.

    Втората опција се однесува на зголемување на овластувањата на Фронтекс, што не е нова идеја. Фон дер Лаен во јули 2024 година вети тројно зголемување на бројот на службениците на оваа гранична агенција на ЕУ, на 30.000 луѓе.

    Реформата на мандатот на Фронтекс се очекува до крајот на годината, но деталите засега не се познати.

    „Промените би можеле да вклучуваат ангажирање на агенцијата во враќањето мигранти, поширока соработка со трети земји и поактивна улога во надзорот“, рекол функционер на Фронтекс за Еуроњуз, додавајќи дека конкретните предлози најверојатно ќе бидат познати во октомври.

    Покрај споментите опции, Брисел ја разгледува и можноста ЕУ да финансира центри за враќање мигранти. Законодавството им дава широка автономија на земјите членки да ги дефинираат договорите со трети земји во кои би биле воспоставени таканаречени центри за враќање. Пет земји членки веќе значително напредувале во преговорите со партнерски земји.

    Сегашните правила не предвидуваат финансиско учество на ЕУ во таквите договори, туку се очекува центрите за враќање да ги финансираат националните влади.

    Со новите правила би можело да се предвиди финансирање на центрите од буџетот на ЕУ, а Комисијата предложи за управување со миграцијата во периодот од 2028 до 2034 година да бидат издвоени вкупно 74 милијарди евра.

    „Повеќето земји членки се заинтересирани за проекти од овој вид. Не може да се исклучи можноста за заедничко финансирање во иднина“, рекол функционер на ЕУ за Еуроњуз, осврнувајќи се на заедничкото писмо на 19 земји членки од јуни, во кое се пофалуваат „иновативните решенија“ за намалување на приливот на нерегулирани мигранти.

    Сите три предлози, покрај поддршката од земјите членки, ја имаат и поддршката од Европската народна партија, најголемата политичка група во Европскиот парламент, што би можело да го олесни нивното усвојување во таа институција.

    Ј.П.

     

     

    Previous Article„Пинокио“ на Битолскиот театар го отвора театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп
    Next Article Војната во Иран досега ги чини САД 38 милијарди долари, трошоците може да растат и по три милијарди месечно

    Поврзани вести

    СДСМ го обвини Мицкоски за блокирање на дијалогот со Бугарија

    06/10/2026

    Судијата Ѓоко Ристов ем го судат, ем во притвор и ем цело време си зема плата

    06/10/2026

    Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    СДСМ го обвини Мицкоски за блокирање на дијалогот со Бугарија

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.