Николоски и Варнс констатирале дека економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд.
„Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.
Двајцата говорници го поздравиле стратешкото партнерство меѓу двете земји, исткнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот.
Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, бил заклучокот од средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.
