Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Институт за демократија „Социетас Цивилис“: Скринингот заврши, добро е да имаме план за постапување по него
    Политика

    Институт за демократија „Социетас Цивилис“: Скринингот заврши, добро е да имаме план за постапување по него

    16/09/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската Унија, институционалните слабости и реформите што треба да ги спроведе на патот кон членство“, се вели во објавата на Институтот за демократија.

    Во тој контекст наведуваат дека скринингот, сепак, не смее да остане архива на една завршена фаза од пристапниот процес.

    „Неговата вистинска вредност е во препораките што треба да ги насочуваат реформите и подготовката за членство. Политичките пречки за отворање на преговарачките кластери не ја спречуваат државата да работи на најголем дел од идентификуваните слабости. Напротив, периодот до продолжувањето на преговорите треба да се искористи за забрзување на реформите и зголемување на подготвеноста на институциите“, нагласуваат од институтот.

    Според процените на  Институтот за демократија треба да се превземат следните пет чекори:

    1.Министерството за европски прашања (МЕП) треба да ги направи сите шест извештаи лесно достапни на едно место, заедно со нивните главни наоди и препораки на македонски јазик. Иако Европската комисија ги има објавено извештаите за сите шест кластери, на веб-страницата на Министерството за европски прашања, во делот посветен на скрининг-извештаите, сè уште е достапен само извештајот за Кластер 1 „Темели“.

    2.Потребен е јасен механизам преку кој препораките од скринингот ќе се претворат во конкретни задачи. За секоја област треба да биде јасно што треба да се направи, која институција е одговорна, во кој рок и колкав е напредокот. Ваквата матрица треба да биде јавно достапна и редовно ажурирана, а Владата периодично да известува за нејзиното спроведување. Собранието и Националниот совет за европски интеграции, пак, треба поактивно да ги користат скрининг-извештаите за следење на подготвеноста на државата по одделни кластери и области.

    3.Препораките од скринингот треба системски да се поврзат со Реформската агенда 2024–2027, Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и препораките од годишните извештаи на Европската комисија. Реформската агенда и Планот за раст се значајни инструменти за забрзување на конкретни реформи и постепена интеграција во Единствениот пазар, но не се замена за целокупната подготовка за членство. Наместо повеќе паралелни административни процеси, потребна е единствена оперативна рамка што ќе покаже како обврските се надополнуваат, каде се преклопуваат и каде остануваат празнини.

    4.Паралелно со реформите, потребно е целосно операционализирање на преговарачката структура. Иако Владата во 2024 година воспостави нова институционална рамка за водење на пристапните преговори, јавноста сè уште нема јасна слика дали и во која мера преговарачките тела и работните групи по кластери и поглавја се целосно екипирани и функционални. МЕП треба да обезбеди транспарентни информации за тоа кои тела и работни групи се формирани, нивниот состав и задачите што ги извршуваат. Функционалните преговарачки структури бараат и зајакнати административни капацитети. Покрај доволен број вработени во Министерството за европски прашања и другите надлежни институции, клучно е да се задржи веќе обучениот кадар. Затоа се потребни соодветни финансиски и кариерни стимулации за вработените вклучени во пристапниот процес, поврзани со нивните задачи и одговорности.

    5.Овие структури не треба да чекаат да се создадат политички услови за отворање на кластерите. Тие треба да работат сега. Да ги анализираат наодите од скринингот, да ги следат промените во правото на ЕУ, да ги идентификуваат областите во кои ќе бидат потребни значителни финансиски и институционални приспособувања или преодни периоди и да ги подготвуваат идните преговарачки позиции. Периодот на политички застој треба да се искористи за градење експертиза и институционална меморија, наместо преговарачкиот капацитет да се создава откако преговорите повторно ќе се придвижат.

    „Скринингот веќе покажа каде сме и што треба да направиме. Следниот чекор е таа дијагноза да се претвори во јавна, мерлива и одговорна програма за работа дома, придружена уште позасилено и поактивно присуство и застапување на македонските интереси во Брисел и во земјите членки“, порачуваат од Институтот за демократија.

     

    Previous ArticleДали облеката ви се собра при перењето? Овој одличен трик ќе ѝ ја врати првобитната големина
    Next Article 80 години Жито Лукс – традиција што се развива со генерации

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.