Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитровски во Софија: Потребно е заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права
    Политика

    Димитровски во Софија: Потребно е заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права

    18/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик.

    „Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам“, рече Димитровски.

    Тој ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел.

    „Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски.

    Нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

    Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти.

    Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија.

    Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата.

    На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.

     

    Previous ArticleКеролајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство
    Next Article Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

    Поврзани вести

    Мицкоски гледа политичка позадина во случајот со Михајлова, прашањето за овој случај ќе биде покренато пред НАТО и ЕУ

    15/10/2026

    Филипче до Мицкоски: Ние сме како пиреј, никој не може да не уништи

    15/10/2026

    Мицкоски: Кога-тогаш ќе одговараат Михајлова и нејзиниот татко

    15/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.