Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Општински вести»Китански: Пехчево чекори напред со функционална инфраструктура
    Општински вести

    Китански: Пехчево чекори напред со функционална инфраструктура

    24/09/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денес не стојам пред вас за да барам пофалби, ниту за да давам празни ветувања. Стојам пред вас за да поднесам отчет за тоа што го имаме сработено, јас како градоначалник заедно со општинската администрација и поддршката од Советот во Општина Пехчево, отчет за одлуките што ги донесовме, за проектите што ги реализиравме, за средствата што ги вложивме и, најважното од сè, за резултатите што ги постигнавме во нашата општина и за нашите граѓани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево.

    Кога ја презедов одговорноста како градоначалник, да ја водам Општина Пехчево, знаев дека пред мене нема да стои лесна задача. Знаев дека ќе има проблеми, ограничени ресурси, блокирана сметка, тешки одлуки, а сепак големи очекувања. Но, знаев и нешто друго, дека Пехчево заслужува работа, посветеност и визија.

    Затоа избравме да работиме, наместо да се оправдуваме, да решаваме, наместо да одложуваме, да инвестираме во иднината, наместо само да зборуваме за неа.

    Денес, пред целата јавност, сакам јасно да кажам: зад секој реализиран проект стои работа, зад секоја инвестиција стои одговорност, а зад секоја наша одлука стои обврската кон граѓаните кои ни ја дадоа довербата.

    Овој отчет е можност за јавноста да види што е направено, но и чесно да покажеме што не сме успеале да реализираме, што останува како обврска и каде треба да вложиме уште повеќе напори.

    Не тврдиме дека е завршено сè, напротив – свесни сме дека пред нас има уште многу работа. Но, можам со гордост да кажам дека Пехчево чекори напред.

    Ви благодарам за довербата, а ви благодарам и за критиките, затоа што само со отвореност и искрен однос можеме да градиме подобра општина.

    А сега, дозволете ми конкретно да ви кажам што направивме, што градиме и што планираме да направиме во периодот што следува.

    Како општина имаме реализирано голем број на проекти од областа на инфраструктурата:

    -Во тек е реконструкција на улица „Илинденска“ со крак „Мирче Ацев“ и крак „Даме Груев“ во Пехчево и изградба на атмосферска канализација на истите улици;

    -Реконстуирана и пуштена во употреба е и улица „Индустриска“ во Пехчево;

    -Реконструирани се неколку улици во селата Чифлик, Робово, Умлена и Црник;

    -Во завршна фаза е изградбата на дел од улица 1 во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево;

    -Реконструкција на пристапен пат за влез во село Панчарево;

    Со поддршка на Владата на Македонија реализиран е проектот „Реконструкција на локалниот пат Чифлик – Умлена и локалниот пат Умлена – Робово;

    Реконструиран е културниот дом во село Црник, културниот дом во село Панчарево, а во завршна фаза е и реконстукцијата на старата пожарна зграда во Пехчево, реконструкција на влезот во Пехчево; завршена е првата фаза од реконструкцијата на Спортската сала „Јане Сандански“ – Пехчево, односно инсталиран е нов систем за греење во салата, во тек е реконструкција на административната општинска зграда во Пехчево, во завршна фаза е изградбата на градската капела во Пехчево, започна со реализација проектот „Реконструкција на кровот во детската градинка 7 Септември во Пехчево.

    Комуналниот развој, заштитата на животната средина, чиста и уредна општина, се уште еден приоритет за развој на Општина Пехчево. Пехчево е град со уредени јавни површини, функционална инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот, затоа што се реализираат проекти за заштита на животната средина:

    Можеме да ги издвоиме, завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на постоечкиот колектор за фекална канализација во село Црник, општина Пехчево ги уредува пристапните шумски патишта, започна со реализација проектот „Партерно уредување и поставување на урбана опрема на еко – парк Езерце во Пехчево“, во постапка за избор на најповолен понудувач е проектот за „Изградба на водовод во туристичка населба Равна Река – Пехчево, инсталирана е нова водоводна линија во индустриската зона Чуката во Пехчево.

    Реализиран е проектот „Генералка викенд 2026“ во Пехчево, изработен е основен проект за „Реконструкција на селски водовод во село Црник“, реализирање на проектот Општествено корисна работа и Јавни работи, целосно исчистена и уредена градската депонија во Пехчево, а санирани се и неколку диви депонии на територијата на Општина Пехчево.

    Туризмот, културниот развој, социјалната заштита, образованието и спортот се уште неколку гранки значајни за развојот на една општина, како и поддршката и соработката со Локалниот младински совет во Општина Пехчево. Како општина и во овие области имаме реализирано активности и проекти:

    Општина Пехчево традиционално веќе 17 години го организира „Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево“ манифестација која е препознатлива како во Македонија така и пошироко, а како општина ги одбележуваме сите значајни настани и празници, поддршка на младите спортисти од Пехчево и спортските клубови, реализирање на проектот „Пехчево младински фест 2026“ – организиран од страна на Локалниот младински совет, а поддржан од страна на Општина Пехчево и целосна поддршка на работата на Локалниот младински совет во Пехчево од општината.

    Еднократна парична помош за првородено и секое новородено дете во Општина Пехчево, еднократна парична помош и училишен прибор за секое прваче запишано во основното училиште во Пехчево, парична награда за сите ученици кои имаат добиено прво, второ и трето место на државните натпревари за основни училишта, новогодишен подарок за секое дете од детската градинка 7 септември – Пехчево, потпишан трипартитен договор помеѓу Општина Пехчево, Министерството за социјална политика, демографија и млади и детската градинка во Пехчево.

    Почитувани сограѓани, ова се само дел од проектите кои заедно со мојот тим, општинската администрација, јавните и општинските институции ги имаме реализирано или се во тек на реализација. Нашата работа не завршува тука. Ова е само мотив и чекор кон поголема цел, а целта е Пехчево да има иднина, а таа иднина мора да ја градиме заедно. Пред нас остануваат уште многу предизвици и работа. Ќе продолжиме да работиме транспарентно, одговорно и во интерес на секој граѓанин, затоа што резултатите се најважниот показател за нашата работа.

    За крај дозволете ми да изразам огромна благодарност до сите вработени во Општина Пехчево, до Советот на Општина Пехчево, јавните и општинските институции, бизнис секторот и сите други кои се вклучени на било каков начин и помогнаа за реализација на горенаведените проекти.

    Ви благодарам за посветеноста и што работиме заедно за нашата општина, за нашите граѓани и за иднината на Пехчево.

    Александар Китански Пехчево
    Previous ArticleСредби на Мицкоски на маргините на ГС на ОН во Њујорк: Фокус на европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
    Next Article Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    Поврзани вести

    Мицкоски: Кога-тогаш ќе одговараат Михајлова и нејзиниот татко

    15/10/2026

    Пехчево домаќин на ВМ Класик Рели

    14/10/2026

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.