Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Октомври 𝟤𝟢𝟤𝟨 во Кинотеката – филмот како паметење, историја и сведоштво
    Култура

    Октомври 𝟤𝟢𝟤𝟨 во Кинотеката – филмот како паметење, историја и сведоштво

    25/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија е замислена како своевидна карта на филмската меморија, со особено внимание кон јубилеите на македонските филмови. Низ филмови што оваа година одбележуваат значајни годишнини, програмата отвора простор за повторно гледање на делата што ја бележат историјата на македонската кинематографија, но и на времињата, општествата и идеологиите во кои тие настанувале.

    Октомври така се претвора во своеобразен филмски архив, во кој минатото не стои неподвижно. Секој од јубилејните филмови носи трага од своето време, но со секое ново гледање добива и ново значење. Токму во тоа се состои моќта на киното како форма на колективно паметење: филмот го зачувува времето, но истовремено му дозволува на секое ново поколение повторно да го преиспита.

    Централно место во програмата имаат филмовите што одбележуваат значајни годишнини од своето создавање. Оваа година се навршуваат 60 години од „До победата и неа“ (1966) на Живорад Жика Митровиќ, филм што се навраќа кон последните денови на окупацијата и ослободувањето на еден македонски град. Во неговото јадро се наоѓаат предавството, одмаздата, вината и тешкото морално прашање што останува по завршувањето на војната: што се случува со општеството кога победата треба да се соочи со сопствената траума?

    Педесет и пет години од „Македонски дел од пеколот“ (1971) на Ватрослав Мимица претставуваат уште едно враќање кон драматичните години на Втората светска војна. Филмот, инспириран од вистински настани од 1942 и 1943 година, ја реконструира атмосферата на окупацијата и репресијата, но во центарот го поставува човекот соочен со изборот меѓу стравот и отпорот. Во таквите приказни историјата престанува да биде само низа од датуми и настани и станува искуство на телото, болката, жртвата и моралната одговорност.

    Половина век од своето создавање одбележува „Најдолгиот пат“ (1976) на Бранко Гапо. Заснован врз вистински настани и мотиви од делото на Петре М. Андреевски, филмот ја користи историјата за да навлезе во длабоките слоеви на македонското колективно искуство. Природниот амбиент, автентичните локации и визуелната строгост му даваат посебна тежина на ова дело, во кое патот станува и физичко и духовно искуство.

    Десет години од „Ослободувањето на Скопје“ (2016) на Раде и Данило Шербеџија ја враќаат приказната за Втората светска војна во самиот простор на градот. Гледана низ перспективата на осумгодишниот Зоран, историјата се претвора во интимно искуство на едно детство распарчено од окупацијата, насилството, загубата и идеолошките поделби. Филмот, според култната драма на Душан Јовановиќ, покажува дека големите историски пресврти најсилно се чувствуваат во приватниот простор на семејството.

    Петнаесетте години од „Ова не е американски филм“ (2011) на Сашо Павловски отвораат сосема поинаква страница од македонската кинематографија. Станува збор за постмодерно и метакинематографско дело што си поигрува со самиот процес на создавање филм, со сценариото, монтажата, глумата и границата меѓу реалноста и фикцијата. Филмот покажува дека македонското кино може да биде и саморефлексивно, иронично и свесно за сопствениот јазик.

    Реализиран истата година, „Панкот не е мртов“ (2011) на Владимир Блажевски одбележува 15 години. Преку црниот хумор, патувањето и повторното собирање на една панк-група, филмот ја отвора темата на генерациската меморија, транзицијата, маргинализацијата и исчезнувањето на одредени субкултурни простори. Панк-музиката тука не е само звучна подлога, туку форма на отпор и начин на преживување на една генерација која одбива целосно да се помири со сопственото исчезнување.

    Previous ArticleНа средбата со Трамп, Си Џинпинг повика на широка соработка со Вашингтон за избегнување воен судир меѓу САД и Кина
    Next Article Нетанјаху, во говорот во ОН, ја нарече војната на Израел во Газа спротивнa од геноцид

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.