Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Средба Муцунски – Петрова во Софија
    Политика

    Средба Муцунски – Петрова во Софија

    08/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Шефот на македонската дипломатија денеска во Софија ќе се сретне со неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова. Средбата ќе се одржи на маргините на меѓународната конференција за Коридорот 8.

    Средбата е на барање на македонската страна откако шефот на македонската дипломатија испрати барање за средба по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на средбата изјави дека само со разговор може да се надмине спорот и да се дојде до решение за земјава што поскоро да ги почне преговорите за влез во Европската унија.

    Ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull aside, дали ќе биде билатералка на маргините на Самитот за Коридорот 8, сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира. Пораките наши се јасни дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во која што во моментов се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел да бидеме дел од Европската унија, нешто што многу одамна го заслуживме, изјави вчера Мицкоски.

    Во рамки на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на Коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор.

    Опозицијата не очекува ништо од денешната средба во Софија. Велат дека средбата не е потребна откако во петокот претседателката на ЕК го потврди македонскиот јазик и идентитет.

    Зошто има потреба сега откако тоа е потврдено да одиме во Софија и да разговараме за Преговарачката рамка. Дали не е тоа напор наместо европеизација да прават билатерализација на процесот, дали тоа не е напор да отвораат и репреговараат веќе договорени гарантирани работи од преговарачката рамка. Од средбата ништо продуктивно не очекуваме, праша заменик-претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.

    Previous ArticleПоради градежни активности привремено ограничен пристапот до Еко парк „Езерце“ во Пехчево
    Next Article САД и Русија преговараат за американски инвестиции во гасоводот „Северен тек“

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.