Општина Пехчево на 17 октомври ќе биде домаќин на ВМ Класик Рели – Источно рели со олдтајмери, трет натпревар во рамките на првенството во рели со историски возила.
Завршницата на третата етапа е предвидена на градскиот плоштад во Пехчево, каде што натпреварувачите се очекува да пристигнат во 15 часот.
По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на плоштадот ќе биде организирана изложба на класични автомобили. Посетителите ќе имаат можност одблизу да ги разгледаат историските возила, кои претставуваат значаен дел од развојот на автомобилската индустрија и ја негуваат традицијата на олдтајмер културата.
Настанот ќе ги обедини учесниците и љубителите на класичните автомобили, нудејќи можност за дружење и запознавање со возила од различни периоди на автомобилската историја.
