Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Ана Пејчинова – прва добитничка на наградата „Драги“ за превод на поезија
    Култура

    Ана Пејчинова – прва добитничка на наградата „Драги“ за превод на поезија

    16/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денес, на свечена церемонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беше соопштено дека наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја добива Ана Пејчинова за преводот од англиски јазик на книгата „Избрани песни“ од Радјард Киплинг во издание на издавачката куќа Полица. Комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Иван (Ивица) Џепароски, проф. д-р Владимир Цветкоски и д-р Јана Михајловска, на својот последен состанок едногласно донесе одлука наградата да ѝ се додели на Ана Пејчинова.

    Во образложението се вели: „Преводот успешно се справува со најчестите преводни проблеми што Киплинговата поезија ги поставува пред преведувачот на македонски јазик: прозодијата, регистрите, реториката, реалиите и идеолошката сложеност.

    Поконкретно, песните се пренесени со зачуван ритам и рима, и во долгите балади. Силниот, речиси марширачки ритам на изворникот е пренесен со акцентски стих со трохејско-дактилски пулс. Онаму каде што македонскиот стих неизбежно се шири, движењето на изворникот го носат императивите на почетокот на стихот.

    Најсилниот белег на преводот е промената на регистарот од песна до песна. Ориенталниот говор на т.н. авганистански балади е пренесен со османлискиот лексички слој од македонскиот јазик. Кокни-говорот е доловен со македонски разговорен стил, а Киплинговата иронија е зачувана, и на места и изострена.

    Сѐ на сѐ, преводот постигнува ретка рамнотежа меѓу верноста кон смислата и верноста кон формата и покажува дека македонскиот јазик може да се носи со Киплинговиот стих со сите негови звуци и гласови. Со тоа, тој ја збогатува македонската преводна книжевност и нуди решенија што можат да бидат образец за идната преведувачка практика“.

    При врачувањето на наградата видно возбудена се обрати и добитничката Ана Пејчинова, изјавувајќи:

    „За македонските преведувачи, нема поголема и подрага чест од оваа: нивното дело да биде вреднувано со наградата ’Драги‘ за најдобар книжевен превод на македонски јазик. Честа, за мене, е двојна: потврда на успешноста на мојот препев на Нобеловецот Радјард Киплинг, и длабок поклон пред ненадминливиот бард на препевот Драги Михајловски.

    Препевот, посебно оној со љубов кон делото на еден велик автор, подразбира прекрасен, посветен процес, и е награда сама по себе. Како и поезијата, тој е резба на дух во јазик, но во него, дополнително, градиме и мост за македонскиот читател да патува во туѓи култури, времиња, поднебја и народи – далечни, а со блиско срце и дух. Оваа награда осветлува вакви мостови под знамето на Драги, и со тоа ја продолжува неговата бесценета книжевна оставнина“, поентираше Пејчинова.

    Previous ArticleОнлајн рекламите се користат за тајно инсталирање шпионски софтвер без клик од корисниците
    Next Article Според Трамп срамни се обновените украински напади врз руски рафинерии

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.