Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Делегација на македонското Собрание во посета на Израел
    Македонија

    Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

    21/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски.

    Програмата започна со средба на Делегацијата со претставници во Кнесетот. На средбата се истакна континуираната билатерална соработка помеѓу двете држави. Дополнително се разговараше за понатамошен развој на соработката во делот на трговската размена и продлабочување на соработката во стратешки сектори за двете држави, особено во областа на здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културната размена и туризмот.

    Делегацијата го посети и Врховниот суд на Израел каде поблиску се запозна со работата на Судот.

    Делегацијата ја продолжи својата посета во Клиничката болница „Хадаса“ и „Хадасит“ – Иновацискиот центар за медицина каде се запознаа со работата на медицинскиот центар и посебниот модел кој овозможува развој и иновација во медицински помагала и техники.

    Во Светскиот центар за сеќавање на холокаустот, Јад Вашем, Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од холокаустот. Исто така, Делегацијата положи венец на гробовите на Теодор Херцл, Јицак Рабин и Шимон Перес.

    Делегацијата оствари состанок со Теофилос, патријарх на грчката православна патријаршија во Ерусалим. На средбата пратеникот Петар Марков се заблагодари за приемот, додека патријархот ја истакна важноста на религијата во разрешување на етничките конфликти.

    Во Тел Авив, Делегацијата го посети Центарот „Перес“ за мир и иновации каде се запозна со нивната работа во делот на технолошките иновации во различни области. Во Медицински центар „Волфсон“ Холон, Делегацијата се запозна со работата на одделот за трауматологија и нивната методологија за менаџирање на пациенти.

    Previous ArticleНАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
    Next Article ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    Поврзани вести

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.