Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес што се одржува во Свети Стефан, во Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста, европските интеграции и конкурентноста на регионот.
Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, најавено е учество и на канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц.
