Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»„Порталб“: За еден месец бројот на евидентирани невработени зголемен за скоро 2.800 лица
    Економија

    „Порталб“: За еден месец бројот на евидентирани невработени зголемен за скоро 2.800 лица

    12/08/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани. Според Владата годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност на ниво од 11,1 отсто, пишува „Порталб“.

    Годинава невработеноста треба да се намали на 11,1 отсто

    Вкупно 97.157 лица во државата, на крајот од јуни, биле официјално регистрирани како невработени – активни баратели на работа. Новите полугодишни податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека и на месечно ниво, но и во однос на лани истиот период, бројот на невработени е зголемен. Компаративната анализа на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека во јуни во однос на мај, кога биле евидентирани 94.371 невработен, бројот е зголемен за дури 2.786 лица. Иако трендот за пријавување и одјавување на вработени и невработени се менува на месечно ниво, статистиката покажува дека од почетокот на годинава само во јуни во однос на мај е регистрирана позначајна промена во бројот на невработени лица.

    И во однос на лани, истиот месец има пораст на бројот на невработени. Па така, лани во јуни во евиденциите на Агенцијата за вработување, со статус невработени се воделе 96.828 луѓе што е за 329 помалку во однос на истиот месец годинава. Со цел да се добие слика за трендот на евидентирани невработени од почетокот на годинава, „Порталб“ направи споредба и на податоците по регионални центри за евиденција на Агенцијата за вработување– кај голем дел од нив има зголемување на активните баратели на работа.

    На крајот од првото економско полугодие, на прво место со 21.118 невработени е Град Скопје и во однос на првиот месец од годинава бројот е зголемен за 1.292 лица. На второ место со 12.409 невработени е регионалниот центар во Тетово каде во однос на 31 јануари бројката е зголемена за 312 лица. Тетовскиот центар за вработување, по Град Скопје, е единствениот на ниво на државата со петцифрена бројка на невработени – сите останати се со помалку од 10.000 евидентирани лица со статус на невработени.

    Следуваат регионалниот центар во Куманово со 9.623 невработени и во однос на јануари годинава бројката е намалена за 267, потоа Гостивар со 7 388 евидентирани лица и оваа бројка во однос на состојбата со првиот месец од годинава е зголемена за нови 4 активни баратели на работа. Во центарот за вработување во Прилеп евидентирани се 5.464 невработени со минимален раст за 5 нови невработени. Во сите останати регионални евиденции на АВРМ на ниво на државата – бројот на активните баратели на работа е помал од 5.000.

    Владата во ребалансираниот буџет за годинава нотираше намалување на невработеноста. Повикувајќи се на Анкетата за работна сила, во првиот квартал од 2025 била регистрирана стапка на невработеност од 11,7 отсто што претставува намалување за само 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал. Според буџетските прогнози, годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност.

    „Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 отсто во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 отсто“, се наведува во неодамна усвоениот ребаланс на буџетот.

    Во државава податоци за невработеност и вработеност објавуваат две различни институции според различна методологија – Агенцијата за вработување, каде што на месечно ниво се води евиденција на реалниот број на невработени и вработени и Заводот за статистика кој ја мери стапката на вработеност и невработеност на државни ниво. Според Заводот за статистика, во првиот квартал од годинава во државата имало 92.597 невработени на возраст од 15 до 74 години, додека во истиот период, или на крајот од март, според Агенцијата за вработување имало 95.575 невработени.

    Previous ArticleАНАЛИЗА: Државна „инјекција“ за ПИОМ од дополнителни 40, 6 милиони евра, расте и бројот на пензионери
    Next Article УЈП: Безмалку една третина кафулиња, бутици и колонијали не издаваат фискални сметки

    Поврзани вести

    Владата подготвува интервенција на цените на горивата, утре одлука за намалување на акцизата

    04/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026

    УЈП: Да се усогласат фискалните системи со намалената стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто

    24/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.