Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»АНАЛИЗА: Државна „инјекција“ за ПИОМ од дополнителни 40, 6 милиони евра, расте и бројот на пензионери
    Економија

    АНАЛИЗА: Државна „инјекција“ за ПИОМ од дополнителни 40, 6 милиони евра, расте и бројот на пензионери

    06/08/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За редовна исплата на пензиите до крајот на годинава, Владата го зголеми буџетот на ПИОМ за 40,6 милиони евра, сума која ќе ја инјектира на државниот фонд преку централниот буџет. „Порталб“ врз основа на податоците за приходите и расходите на буџетот на ПИОМ анализира како ќе се полни и троши фондовска каса и колку се зголемија државните трансфери без кои не може да има редовна исплата на пензиите. Новите јунски податоци покажуваат дека расте и бројот на пензионери.

    Ребалансиран буџет на ПИОМ – трошоците за пензии зголемени 

    Со ребалансот на Буџетот вкупните расходи на државниот Фонд за пензиско осигурување надминаа 2,2 милијарди евра – историски највисока трошковна страна која во однос на првичниот буџет за годинава се зголеми за 40,6 милиони евра. Растот на расходите на ПИО веќе беа испланирани, уште пред да се усвојат законските измени за линеарен пораст на пензиите за 1 000 денари во два наврати, во септември и во март. На расходната страна, најголем дел од буџетот или 2,21 милијарда евра е за исплата на социјални бенефиции во кои пак доминираат пензиите за чија исплата годинава ќе се потрошат 1,74 милијарди евра. Според пресметката на „Порталб“ оваа ставка во однос на првичниот буџет е зголемена за дури 40,8 милиони евра.

    Редовната исплата на пензиите и порастот на висината на пензиите повторно ги зголемија трансферите од Централниот буџет до ПИОМ кои годинава надминаа 800 милиони евра, што претставува пораст за 40,6 милиони евра во однос на првичниот буџетски план за годинава.

    „Зголемен трансфер до Фондот за ПИОМ од централен буџет со цел непречено финансирање и исполнување на обврските на Фондот за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци“, се наведува во ребалансираниот буџет.

    Растот на приходната страна на ПИО се потпира исклучиво на планираната државна инјекција од 40,6 милиони евра, додека проектираните приходи од наплата на придонеси, кои се носечки извор за ПИОМ, остануваат на иста позиција како и со првичниот буџет, на ниво од 1,34 милијарди евра.

    Пораст на бројот на пензионери – на крајот од јуни повеќе од 346.000 

    Додека од година во година растат буџетските трансфери за одржување во “живот“ на државниот пензиски фонд, расте и бројот на пензионери. Новите податоци од ПИОМ покажуваат дека заклучно со првата половина од годинава во државата имало 346 395 што е за 1 599 повеќе во однос на мај, годинава. Најголем дел од пензионерите или 35,71% имаат пензија од 18.193 денари до 21.909 денари, со пензија од 27 501 до 43.739 денари се 26,94% а трето место според бројноста, односно 23,16% од пензионерите добиваат пензија во износ од 21.910 до 27.500 денари.

    Просечната пензија во јуни изнесувала 26.207 денари. Владата експресно предложи а Парламентот експресно, по скратена постапка ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите за 1000 денари во два наврати. Дел од економистите и опозициската СДСМ посочија дека со овој модел првата категорија на пензионери со најниска пензија нема да добијат ништо повеќе од она што им следува и со моделот на усогласување, но сите останати ќе бидат „оштетени“ за различна сума.

    Владата го оправдува линеарниот пораст на пензиите со грижа за стандардот на пензионерите и одржување на солидарноста кај оваа категорија на граѓани. „Порталб“, повикувајќи се на изјави од експерти, веќе анализираше дека линеарниот пораст на пензиите има предизборен контекст во пресрет на локалните избори а не е исклучено дека може да биде и „предвесник“ на предвремени парламентарни избори.

    Previous ArticleТрамп ќе го отпушти шефот на статистика за труд по слабиот извештај за вработување каде што бројките биле „наместени“
    Next Article „Порталб“: За еден месец бројот на евидентирани невработени зголемен за скоро 2.800 лица

    Поврзани вести

    Владата ќе го одобри договорот за грант во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ за изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија

    27/08/2025

    Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

    26/08/2025

    Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан

    26/08/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.