Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, поранешниот воен психијатар ќе биде јавен настан

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Одговорот зошто Таравари излезе од Владата се крие во инвестицијата „Ѓока“
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Одговорот зошто Таравари излезе од Владата се крие во инвестицијата „Ѓока“

    27/08/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
    Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика ‘Ѓока’. Какви обврски преземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си го решат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претходно денеска, од Алијанса за Албанците на Арбен таравари преку соопштение обвинија дека „кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски фрлаат отров, станува јасна една непобитна вистина, тие се шампиони на клеветата и ништо од тоа што го зборуваат не држи“.

    Редовните клевети што ни ги сервира „Белиот дворец“ се само очајнички обиди да се пренасочи вниманието на јавноста од нивните постојани неуспеси, велат од АА на Таравари.

    „ВМРО-ДПМНЕ беше во локална коалиција со Алијансата за Албанците, а до вчера и на централно ниво. Чудно е зошто досега немаа ниту една забелешка кон АА и претседателот Арбен Таравари, додека денес, откако им ги расипавме мрачните планови против Албанците мизерно се обидуваат да плетат лаги и басни. И потсетуваме на ВМРО на масовната корупција што ја имаа во времето на Груевски и сè уште со гордост држат околу себе корумпирани функционери со кривични дела. Заедно со неговиот експеримент Вреди обвинуваат за еден паркинг кој никогаш не беше изграден и не изнесоа ниту еден факт за злоупотреба, додека и денес нивните рушевини од корупција стојат во Вардар, во центарот на Скопје, и не можат да се измијат ниту со водите на реката, ниту на езерото, ниту на кој било океан. Арбен Таравари и Алијансата за Албанците не се фатени од никого и не се резерва на никого. Нашите одлуки се автономни и независни од надворешни фактори. Поради таа причина решивме без ни најмала жал или двоумење да излеземе од оваа антиалбанска и антиевропска влада, покажувајќи дека АА не може да се уценува, да се купи или да се продаде“, велат од АА на Таравари.

    Од партијата велат дека добро би било Мицкоски „да ги прекине врските со Москва, Будимпешта и Белград и да престане да биде промотор на ‘српскиот свет’. Албанците никогаш нема да дозволат Северна Македонија да се претвори во непријател на Европската Унија, НАТО и Соединетите Американски Држави“, велат од АА на Таравари.

    Previous ArticleВладата ќе го одобри договорот за грант во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ за изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија
    Next Article Трајков: Треба да се искористат европските пари како стимул за развој на општините

    Поврзани вести

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    09/10/2026

    Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни, но договорено е дијалогот да продолжи

    09/10/2026

    Средба Муцунски – Петрова во Софија

    08/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, поранешниот воен психијатар ќе биде јавен настан

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    НАЈЧИТАНИ

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    Холандска делегација во посета на Собранието

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.