Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола
    Економија

    Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

    26/08/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Македонската Комисија за хартии од вредност (КХВ) ја запре постапката во која српската компанија Алта Груп требаше да ја преземе Стопанска банка Битола. Постапката, според КХВ, е запрена по барање на српската фирма поради промена на преземачот во рамки на групацијата. Во кратката ценовно чувствителна информација објавена на Македонската берза, се вели дека Алта Груп сè уште има намера да ја преземе Стопанска банка Битола, но не преку Алта Банка туку преку друга членка на групацијата.

    „Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година … постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација“, се вели во информацијата објавена на Македонска берза.

    Понатаму во инфромацијата се додава дека Алта Груп, „во Барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација“.

    Карактеристично е што КХВ и покрај тоа што одлуката за запирање на постапката ја донела на седницата одржана на 19 август 2025 година, во соопштението од таа седница не се спомнуваат ниту Алта Груп ниту Стопанска банка Битола.

    Неколку дена претходно, на 21 август, на берзата беше објавена уште една чувствителна информација за Стопанска банка Битола, во која се обелодени дека членовите на Управниот одбор на битолската банка биле информирани дека Алта Банка АД Белград, членка на Алта Груп има намера да даде понуда за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас. Како што се додава во оваа информација, српската банка сака да понуди износ од 3.777 денари по акција, или околу 24 милиони евра за битолската банка.

    Со истото известување е најавено дека Алта Груп ќе поднесе барање за дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност откако ќе добие одобрение од релевантните институции во Србија (Странско одобрение) и согласност од домашните тела и институции. Имајќи предвид дека вчера групацијата побарала запирање на постапката по поднесеното барање за дозвола за понуда, може да се претпостави дека сите потребни барања од српските и од македонските институции, како на пример Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за заштита на конкуренцијата, Алта Груп веќе ги има добиено.

    Во мај годинава, и македонската Комисија за заштита на конкуренцијата објави дека добила известување оти Алта Груп сака да стане мнозински сопственик и да стекне контрола над Стопанска банка Битола.

    Еден од поглемите акциониери во Стопанска банка Битола е бизнисменот Орце Камчев, кој исто така е сопственик, покрај другото, и на приватната болница Аџибадем Систина во Скопје. Најголем уддел во акциите на банката, речиси 22 отсто, има Пелистерка заедно со фирмата ТИМОХ. Цената на акцијата на банката во последниот еден месец изнесува 3.230 денари. Во првата половина на 2025 година, Стопанска банка Битола остварила добивка од 33,6 милиони денари или околу половина милион евра додека во 2024 година добивката изнесува 163,1 милиони денари или 2,6 милиони евра.

    Што се однесува до сопственикот на Алта Груп, српските медиуми пишуваат дека станува збор за Давор Мацура, за кого неделникот „Радар“ на 31 јули годинава објави текст со наслов „Понапреден и од напредњаците“. Според „Радар“, неговите бизнис успеси растат со доаѓањето на власт на Српската напредна партија на Александар Вучиќ. Интересно е што според новиот договор на банката со српското Електростопанство (ЕПС), граѓаните на Белград ќе треба сметките за струја да ги плаќаат на банкарската сметка на ЕПС токму во Алта Банка.

    Previous ArticleНародна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан
    Next Article Муцунски и Кос ја нагласија силната поддршка за проширувањето на Унијата

    Поврзани вести

    Владата ќе го одобри договорот за грант во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ за изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија

    27/08/2025

    Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан

    26/08/2025

    Марк Карни: Канада ќе укине многу одмазднички царини кон САД

    23/08/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.