„Сѐ уште анализираме, ќе излеземе со конечна одлука, сметам дека не ни треба дополнително оптеретување на граѓаните, буџетот е таков каков што е, собирањето на приходите е во добра насока, се е како што си било планирано, така што на расходна страна исто така многу се внимава, а од друга страна поготово оние млади лица дали самостојно коишто купуваат станови или пак кога ќе влезат во брачна заедница со брачниот партнер, сметам дека во моментот не е потребно дополнително оптоварување нивно“, вели Димитриеска Кочоска за Сител.
Министерката исто така додаде дека Владата ќе излезе со мерки против високата инфлација.
„Владата во овој период подготвува некои мерки, ќе излеземе со некои предлози, но повторно тие би биле на краток рок а нас ни треба решение коешто ќе биде подолгорочно“, смета Димитриеска Кочоска.