Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

    Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев води во анкетите

    Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Преку зелениот телефон на Еко-свест за само две недели решени шест еколошки проблеми
    Македонија

    Преку зелениот телефон на Еко-свест за само две недели решени шест еколошки проблеми

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Граѓанската организација Еко-свест минатиот месец стави во функција „Зелен телефон“ како алатка која граѓаните можат да ја искористат за да пријавуваат еколошки проблеми и да се информираат за надлежните институции и за начинот на нивно надминување. Бројот на Зелениот телефон е 071-600-333, а јавното лице на кампањата е активистот Војо Иванов. На телефонот досега се пријавени над 30 проблеми, шест од нив се решени, а 17 се во постапка. Најголем дел од проблемите кои ги мачат граѓаните се поврзани со отпадот и загадувањето на водата и природата, а граѓаните можат да  пријават прашања или проблеми и од областа на урбаното живеење, енергијата, загадувањето на воздухот и слично.

    „Ова е бесплатна телефонска линија која постои за граѓаните кои сакаат да пријават и самите да решат еколошки проблем, а нашиот тим да им овозможи правна помош за да успеат во намерата. Граѓаните покажуваат незадоволство од многуте проблеми кои ги имаме во животната средина, но од друга страна се чувствуваат и немоќни самите да направат нешто. Ние сакаме да бидеме мостот меѓу нив и институциите за овие проблеми побрзо и поефективно да се решат“, вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест

    Целта, според Еко-свест е преку „Зелениот телефон“ е да развие активно граѓанство и континуиран однос на соработка и доверба помеѓу граѓаните и органите надлежни за решавање на еколошките проблеми, а истовремено да се подигне и јавната свест за важноста од личен ангажман на граѓаните во откривањето и во пријавувањето, а со тоа и надминувањето на еколошките проблеми.

    „Добиваме пријави од целата земја во различни категории, како на пример загадување на водите, воздухот и проблеми со отпадот. Многу од граѓаните веќе самостојно презеле чекори за решавање на проблемите, но бараат и совет како да продолжат понатаму и која би била следната инстанца, доколку не успеале во нивните првични напори. Само за две недели, на Зелениот телефон пристигнаа повеќе од 30 пријави од кои 17 се уредно поднесени од страна на граѓаните и се во постапка на решавање. Од сите пријави, шест се веќе решени. Најголем дел од пријавите се за отпад и нелегални депонии на територијата на целата држава. Загадување на водите и уништување на природата се на второ место,“ изјави Милијана Богданоска, еколошки правник во Еко-свест.

    Previous ArticleЕјакузе: Годинава сте во клучен момент, треба да покажете напредок кон пристапувањето во ЕУ
    Next Article ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

    Поврзани вести

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    18/04/2026

    Делчево ја одбележа годишнината од загинувањето на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанец

    18/04/2026

    Во просториите на Матичната библиотеката “Кочо Рацин “денеска се одржа промоција на книгата ” Разбудена вода” од авторката Дијана Петкова

    18/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

    Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев води во анкетите

    Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026

    Мицкоски: Нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил

    17/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.